Шокантна свадба: 8-годишно момче и 61-годишна жена се венчаа

Шокантна свадба: 8-годишно момче и 61-годишна жена се венчаа

Звучи вознемирувачки и нереално, но за жал е и вистинито. 8-годишен ученик стапи во брак со 61-годишна жена во Цване, Јужна Африка, бидејќи неговиот дедо на својата смртна постела, му кажал да го стори тоа. После неговата смрт, членовите на семејството на малиот стравувале од некаква натприродна казна од дедото, па за да го спречат тоа ја организирале оваа чудна свадба.Шокантна свадба: 8-годишно момче и 61-годишна жена се венчааМладиот Санел Масилела, дотеран во сребрено одело и машна, се оженил со возрасната Хелен Шабангу, која веќе е во брак и е мајка на 5 деца кои се на возраст 27-37 години. Невестата е блиска пријателка со семејството, момчето ја познава и ја сака. Новите младоженци не потпишале брачен сертификат, нема да живеат заедно и после свадбата си се вратиле на нивните нормални животи. Шокантна свадба: 8-годишно момче и 61-годишна жена се венчааЦелиов чуден свадбен настан на кој имало 100 гости ги шокирал мештаните, но семејството ја бранело церемонијата, велејќи дека станува збор само за ритуал, а не за легално обединување.

46-годишната мајка на Санел, Патиенсе вели: „Вакво нешто се случува првпат во нашата фамилија. Санел е крстен по неговиот дедо, кој никогаш не ја дочека својата бела свадба, па затоа му рече на Санел да се ожени. Тој ја одбра Хелен, затоа што ја сакаше. Со ваквата постапка, ние ги правиме среќни нашите предци. Доколку не го сторевме она што беше побарано од мојот син, нешто лошо ќе му се случеше на ова семејство. Церемонијата не ми претставуваше никаков проблем, бидејќи знам дека ова е тоа што го сакаат нашите предци и ќе ги направи среќни.“

Шокантна свадба: 8-годишно момче и 61-годишна жена се венчаа

Момчето го кажа и своето мислење: „Ѝ кажав на мајка ми дека сакам да се оженам, бидејќи навистина сакав. Среќен сум што се оженив со Хелен, но јас и понатаму ќе одам во училиште и многу ќе учам. Кога ќе бидам поголем, ќе се оженам со дама на моја возраст.“

Шокантна свадба: 8-годишно момче и 61-годишна жена се венчааИ покрај тоа што е доволно стара за да биде негова баба, невестата Хелен која работи во центарот за рециклирање, исто така била среќна што се случила ваквата церемонија. Таа вели:

Јас сум мажена и имам 5 мои деца, но знам дека ова е тоа што предците го сакаа, и сега тие се среќни. Ова е ритуал. Само си игравме, но ова е и знак дека еден ден навистина ќе се земеме.“

Шокантна свадба: 8-годишно момче и 61-годишна жена се венчаа

Нејзиниот 65-годишен сопруг, Алфред, со кого е во брак 30 години вели: „Јас и нашите деца сме среќни. Немаме никаков проблем со свадбава, но некои луѓе од општината беа шокирани.“



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар