Северна Кореја – земја во која сè е политика

Северна Кореја важи за една од најстрогите земји во кои сè се сведува на политика. Сите манифестации, почнувајќи од парадите, па сè до концертите, се поврзуваат со политиката. Северна Кореја – земја во која сè е политикаЕдна од главните карактеристики на Северна Кореја се воените паради. На овие паради учествуваат сите војници, мажи и жени, додека ракетите се носат со помош на специјални воени возила. Северна Кореја – земја во која сè е политикаСеверна Кореја – земја во која сè е политикаСеверна Кореја – земја во која сè е политикаНа 15 април 2012 година, во главниот град на Северна Кореја, Пјонгјанг, беше одбележана 100-годишнината од од раѓањето на основачот на Северна Кореја, Ким Ил Сунг. За време на оваа церемонија, лидерот на Северна Кореја и најмладиот син на Ким Ил Сунг, Ким Јонг Ун, го одржа првиот голем јавен говор. Северна Кореја – земја во која сè е политикаСеверна Кореја – земја во која сè е политикаВеќе години наназад Северна Кореја ги залади односите со соседната Јужна Кореја. На 22 април 2012 година во Северна Кореја беше одржан протест против јужнокорејскиот претседател Ли Мјунг Бак и неговиот режим. Интересно е што на овој протест жените беа масовно присутни. Северна Кореја – земја во која сè е политикаСеверна Кореја – земја во која сè е политикаНе изненадува тоа што ликовите на Ким Ил Сунг и Ким Јонг Ун постојано се среќаваат на уличните билборди. Но, она што навистина изненадува е фактот дека портретите на овие двајца државници редовно се среќаваат на сите улични манифестации од забавен карактер. Северна Кореја – земја во која сè е политикаСеверна Кореја – земја во која сè е политикаСеверна Кореја – земја во која сè е политикаУште еден доказ дека во Северна Кореја политиката е на прво место, се концертите и спортот. За време на концертите задолжително е присуството на државниот врв и војската, додека приказната за спортот е малку поинаква. Северна Кореја – земја во која сè е политикаСеверна Кореја – земја во која сè е политикаСеверна Кореја – земја во која сè е политикаДевојките кои се занимаваат со теквондо (корејска боречка вештина) се избрани од различни провинции, со цел да ја претстават Северна Кореја на Меѓународниот натпревар во теквондо. Тие настапуваат под мотото „Дозволете ни да ја браниме партијата на Централниот Комитет на чело со почитуваниот Ким Јонг Ун, дури и по цена на нашите животи!“ Северна Кореја – земја во која сè е политика


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар