Сензуални црвени усни во цветен облик

Психотрија Елата, познато под името „усни на проститутка“ или „растението со жешки усни“, е цвеќе со интензивна црвена боја, кое личи на сензуални женски усни.

Сензуални црвени усни во цветен облик

И покрај тоа што на прв поглед ова цвеќе изгледа како да е резултат на софтвер за уредување на фотографии, сепак бидете сигурни дека овие усни спремни за бакнување, се комплетна заслуга на природата.

Сензуални црвени усни во цветен облик

Растението го има во тропските дождовни шуми во држави во Централна и Јужна Америка како што се Колумбија, Костарика, Панама и Еквадор. Психотрија Елата ја креира оваа форма на уста за да привлече опрашувачи како што се колибрите и пеперутките.

Сензуални црвени усни во цветен облик„Усните на проститутката“ е за жал растение од загрозен вид, поради неконтролираната дефорестација во споменатите држави. Така што доколку сакате да засадите бакнеж кое е дело на мајката-природа, пронајдете го растението и засадете го додека сѐ уште можете. Листовите се наместени во облик на бакнеж во многу краток период, пред сосема да се рашират за да го откријат цветот на растението.

Сензуални црвени усни во цветен облик(5) senzualni crveni usni vo cveten oblik-www.kafepauza.mk

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Jas Reply

    Не се усните во цветен облик, туку цветот е во облик на усни. Има огромна разика, нели?

Остави коментар