Сексот навистина продава, тврдат научниците

Во маркетингот веќе подолго време важи она правило дека сексот успешно го продава производот. Но сега, научниците тврдат дека откриле зошто точно сексот успева да влијае врз луѓето.Сексот навистина продава, тврдат научницитеИстражувачите откриле дека, кога ќе здогледаме атрактивна девојка или маж на амбалажата на некој продукт, тоа поттикнува некој дел од мозокот кој не тера да купуваме импулсивно, без притоа рационално да размислиме. Истражувањето докажало дека рекламите кои содржат вообичаени и едноставни убедувачки факти, се помалку ефективни токму во делот на стимулирање на умот кон импулсивно и помалку рационално размислување.

Една реклама во која згодна девојка стои со раширени нозе и презентира фармерки се покажала многу поефективна, отколку друга реклама за возило на која пишувало дека троши многу малку гориво за одреден број поминати километри.Сексот навистина продава, тврдат научницитеИстражувачите од „Универзитетот од Северна Каролина“ поврзале 24 возрасни личности со монитори кои ги скенираат мозочните активности за време на двата вида реклами. Стапката на мозочна активност била далеку помала во рекламите кои содржат вообичаени и едноставни убедувачки факти.

„Внимавајте на мозокот, но и на паричникот“ – вели д-р Иан Кук, кој ги објави резултатите од истражувањето во научното списание „Психологија и Економија“.
———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар