Секс во минатото: Што правеле нашите предци кога сакале да ги зачинат нештата?

Секс во минатото: Што правеле нашите предци кога сакале да ги зачинат нештата?

Сексуалните трендови не се нешто ново – всушност тие постојат од почетокот на историјата. Она што е интересно е што голем дел од денешните сексуални и романтични традиции започнале како луди секс трендови стотици години наназад. Исто така, некои нешта кои денес нам ни изгледаат луди во светот на сексот, во тогашното време биле целосно нормални. Па, што правеле нашите предци кога сакале да ги зачинат нештата?

seks-vo-minatoto-shto-pravele-nashite-predci-koga-sakale-da-gi-zachinat-neshtata

1. Стар Египет (3100 – 332 п.н.е.) – Карминот значел дека сакате да пружите орален секс

Оралниот секс бил застапен во голем дел од античките општества бидејќи тој е забавен, но старите Египќани се најстарото општество кое прво започнало со оваа возбудлива практика. Оралното задоволување им било толку важно што дури еден од најважните митови на египетската култура се заснова на задоволување пенис од глина кој го враќа богот Оразис во живот.

Уште еден факт за оваа античка култура е тоа што Египќаните се првите луѓе кои започнале да носат шминка. Она што го спојува египетскиот ентузијазам за орален секс и шминката е моментот што египетските куртизани истакнувале дека сакаат орален секс така што ги боеле своите усни – практика која денес еволуирала во модерната верзија на класичниот црвен кармин без кој ниедна жена не може да живее.

Модерен еквивалент: Јадење банана на провокативен начин.

2. Антички Рим (753 п.н.е. – 476 н.е.) – Избегнувале марула бидејќи сметале дека предизвикува импотенција

Верувањето дека постои храна која делува како афродизијак било често кај многу антички култури, вклучувајќи го и стариот Рим. По текот на нештата, како што постои храна која делува како афродизијак, Римјаните верувале дека постои и храна која поседува антиафродизијачки квалитети – тука особено спаѓала марулата. Мажите ја одбегнувале марулата затоа што верувале дека таа ќе ги направи импотентни. Исто така, тие ја избегнувале скоро сета храна која била со зелена боја – од истите причини.

Модерен еквивалент: Верувањето дека одредени сокови го намалуваат бројот на сперматозоиди.

3. Среден Век во Европа (400 – 1400) – Заљубување од далечина

Средниот Век не бил најпогодно време за секс. Црквата имала многу ограничувачки правила за тоа со кого и кога смеете да имате секс. Ако прекршите некое од овие правила – од геј секс до секс со партнерот во недела, тогаш најверојатно би биле казнети со смрт.

Секако, дури и со лудите правила на Црквата, сексот меѓу луѓето не можел да биде спречен. Па затоа, како што биле променати идеите за нештата – како тоа дали браковите треба да бидат договорени или доброволни, во доцниот 11-ти век се создал концепт наречен „судска љубов“.

„Судска љубов“ постоела ексклузивно помеѓу две личности кои не се во брак, но веројатно се во брак со други луѓе. Типично, женските претставници биле благороднички во брак кој го договориле нивните фамилии, а машките претставници биле трубадури, витези или други мажи од дворјанската класа. Мажите својата љубов ја искажувале преку песни или поезија – на таков начин славејќи ја нивната емоционално величествена љубов која била осудена на пропаст бидејќи никогаш не би можеле да ја искажат како брачни партнери.

Иако „судската љубов“ ретко вклучувала вистински секс, таа била предок на денешното емоционално изневерување. Освен како честа тематика во уметноста и разонодата, „судската љубов“ ги изменила идеите за љубовта и романтиката, а голем број од нејзините правила (како тоа дека сомнежот во саканиот/ата создава љубомора што ги зголемува неговите/нејзините романтични чувства кон партнерот“ и она дека „оној кој вистински љуби никогаш не би се откажал од вистинската љубов“) до ден-денес се популарни меѓу тинејџерите, незрелите возрасни и ликовите од чик литературата.

Модерен еквивалент: Кога разменувате романтични пораки со некој, а сепак не сакате да се сретнете во живо.

4. Пуританска Ера (1500 – 1700) – Правете го тоа каде сакате и кога можете

Без разлика што сте слушнале, Пуританците имале секс. И тоа многу. Според некои статистики, една во три пуритански невести била бремена на денот на нејзината свадба. Но, колку и да звучи модерно, просечните Пуританци сакале нешта кои дури и денес ги сметаме за напредна сексуалност. Совршен пример? Јавниот секс.

Имањето секс во поле, шума или во трева било целосно нормално. Исто така, сексот на трем или во соба каде има луѓе бил подеднакво популарен. Сепак не можеме да кажеме дека Пуританците биле премногу перверзни туку едноставно немало многу интимни места – затоа јавниот секс бил потреба.

Модерен еквивалент: Секс во кола затоа што вашиот цимер е во вашата соба гледајќи сапуници.

5. Викторијанска ера (1837 – 1901) – Вибратори на рецепт?

Викторијанската сексуалност е многу популарна тема во последните години заради тоа што жените кои биле дијагностицирани со хистерија (т.е. со секој физички или ментален проблем кој може да се има) биле лекувани така што докторите ги доведувале до оргазам со помош на вибратори.

За жал, не е познато дали ова навистина било така, затоа што некои историчари тврдат дека вибраторите биле измислени само за да лекуваат мускули – без сексуална намена. Иако не ја знаеме вистината на оваа тема, сепак доктор Мортон Гранвил бил оној кој го измислил моторизираниот масажер – т.е. вибраторот за време на Викторијанската ера.

Модерен еквивалент: „Mасажерот за грб“ кој го пронајдовте под креветот на вашата мајка.

6. 70-тите години на 20-тиот век – Отворени за слободни бракови

Иако 60-тите се познати како ерата на „слободната љубов“ и предбрачниот секс, сепак овие идеи стануваат многу популарни за време на 70-тите години на минатиот век. Во 1972, книгата „Слободен брак“ од Нена и Џорџ О’Нил станува интернационален бестселер кој зборува за емоционалното поврзување без сексуална моногамија. Многу луѓе започнуваат да експериментираат по овој пример – што доведува до „забавите за групен секс“ – забави каде присуствуваат парови кои си ги заменуваат партнерите.

Модерен еквивалент: Оргии

7. 90-ти – Бондаж, доминација, садизам, мазохизам

Бондажот и доминацијата во сексот постоеле долго пред „50 нијанси сиво“. Одлични примери се бондаж фотографиите од 50-тите години вклучувајќи ја Бети Пејџ или хит филмот од 1986 „9 и пол недели“ кој практично е „50 нијанси сиво“ на неговото време.

Но, садизмот и мазохизмот за прв пат стануваат најпопуларни за време на 90-тите години на минатиот век. Дури и модата се приклучува на ваквиот тренд пропратена со винилна фетиш облека, па дури и камшици како модни додатоци. Тука секако мора да се спомне колекцијата на Версаче во 1992 наречена „Мис S&M“. Садистичките и мазохистичките сцени биле користени во многу ТВ серии и филмови за време на оваа декада – толку многу што во 1994 Рози О’Донел прави пародија на овој тренд со филмот „Излез до Ејден“

Модерен еквивалент: Луѓето кои мислат дека Мајли Сајрус ја измислила сексуалната перверзија.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар