Секс на Марс? За жал, многу лоша идеја

Научниците ги советуваат астронаутите кои еден ден ќе бидат испратени во експедиција за населување на црвената планета, да се воздржат од правење бебиња, како по пат накај Марс, така и на самата планета, а воедно им препорачуваат и воопшто да не водат љубов во бестежинска состојба.Секс на Марс? За жал, многу лоша идејаОние астронаути кои успешно ќе ја остварат мисијата конечно да слетаат на Марс, нема да можат да го поминуваат времето нормално на таа територија и најверојатно со години би орбитирале наоколу, сѐ додека не создадат услови за живот на планетата.

Во теорија, имањето секс при нулта гравитација подразбира неверојатно многу потење и тотално незабавен чин за партнерите. Благодарение на Њутновиот закон, сите телесни течности би пловеле во просторот околу љубовниот пар, дури неколку часови после сексуалниот чин.Секс на Марс? За жал, многу лоша идејаИсто така бременоста надвор од планетата Земја би требало уште долго да се избегнува, бидејќи постои голема опасност од радијација. Притоа, енергијата од честиците кои би го бомбардирале вселенскиот брод, со сигурност би го стерилизирале секој женски фетус во мајчината утроба, така што колонизацијата на црвената планета која би се случила некој ден во иднината, би била дополнително отежната.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Oliver Reply

    Сексот на марс би изгледал како “ПОГОДИ ЈА МЕТАТА” :)

  2. Миле Reply

    За секс треба атмосфера… Марс е слаб со атмосфера…

Остави коментар