Секојдневни работи поради кои можете да западнете во неволја во некои земји

Некои од работите што секојдневно ги правите може да се забранети во земјите низ светот, па затоа многу е важно да ги истражите правилата и културата на земјата пред да отпатувате. Прочитајте поради кои работи би можеле да завршите во затвор во некои земји…

Џвакање мастика

Секојдневни работи поради кои можете да западнете во неволја во некои земји

Улиците во Сингапур се неверојатно чисти, а тоа се должи на многуте закони поврзани со одржувањето на хигиената во државата. Тука има огромни казни за фрлање ѓубре, плукање и пушење на јавни места. Исто така, продавањето гуми за џвакање во оваа земја е строго забрането. Може да бидете казнете ако се обидете да внесете такво нешто во државата. Може да најдете само одредени гуми за џвакање во аптеките, кои се дозволени од медицински причини.

Носење непристојна облека

Секојдневни работи поради кои можете да западнете во неволја во некои земји

Во многу исламски земји, треба да се облекувате скромно, особено ако сте женско, за да не привлечете несакано внимание на јавни места. Облеката треба да ги покрива горните делови од рацете и нозете, треба да биде широка и не смее да се гледа долната облека. Во Иран и Саудиска Арабија жените мора целосно да ги покријат рацете и нозете и да носат марама. Во Иран, доколку не ги почитувате правилата на облекување, најголемата казна што можете да ја добиете е да ве замолат да се пресоблечете. Но, во Саудиска Арабија може да завршите во затвор.

Застанување на автопат

Секојдневни работи поради кои можете да западнете во неволја во некои земји

Никако не смее да ви снема бензин додека возите на германските автопати. Не смеете да застанете на автопат од ниту една друга причина. Пешачењето по автопат е исто така забрането поради ваша сопствена безбедност. Доколку не ги почитувате правилата, може да бидете казнети или да предизвикате опасна ситуација за себе и другите возачи.

Сечење кактус

Секојдневни работи поради кои можете да западнете во неволја во некои земји

Некои домашни растенија во Аризона, САД, се заштитени со закон. Ако ги исечете, тоа ќе се смета за кражба и може да завршите во затвор неколку години. Кражбата на кактуси е многу сериозна работа, бидејќи им требаат многу години за да пораснат, па потребно е да се преземат овие марки за да се заштити домашната флора од уништување.

Џогирање

Секојдневни работи поради кои можете да западнете во неволја во некои земји

Џогирањето во групи е забрането во источноафриканската држава Бурунди, со изговор дека луѓето ја искористувале оваа активност за да организираат „востанија“ и за да ги сокријат нивните нелегални активности. Може да џогирате сами, но двајца луѓе се сметаат за група. Некои луѓе завршуваат во затвор поради тоа.

Продолжува на следната страница

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар