Секојдневни работи кои редовно ги одложуваме

„Секогаш постои утре“ е најупотребуваниот изговор кога луѓето решаваат да одложат некоја обврска. Но, колку има вистина во оваа мисла? Дали секогаш ќе го имаме „утре“ на располагање? Зошто постојано ги одложуваме работите што знаеме дека треба да ги направиме? Што е потребно за да се мотивираме себеси да станеме од удобниот кауч и конечно да ги завршиме овие активности? Најголем дел од одговорот на овие прашања се наоѓа во идентификување на работите кои имаме тенденција да ги одложуваме. Откако ќе сфатиме кои се тие, најдобро е да се подготвиме себеси и во иднина да го спречиме влезот во „магичниот круг“ на постојаното одложување.

Секојдневни работи кои редовно ги одложуваме

Еве неколку секојдневни нешта кои луѓето најчесто ги одложуваат. Во колку од нив се пронаоѓате и вие? Или пак, има ли нешто што вие го одложувате, но не е споменато во оваа листа?

  • Да одиме на доктор заради редовна контрола.
  • Да им се јавиме на роднините или пријателите за да ги прашаме како се.
  • Да ги платиме месечните сметки порано за да не се грижиме за нив подоцна.
  • Да го дополниме нашето резиме и да аплицираме за работа.
  • Да одговориме на нашите имејл-пораки.
  • Да започнеме да се занимаваме со хобито кое отсекогаш сме го сакале.
  • Да прекинеме да јадеме брза храна за која знаеме дека е лоша.
  • Конечно да отидеме на факултет/работа на време.
  • Да завршиме со обврските порано за да можеме подоцна да се одмориме.
  • Да го/ја прашаме момчето или девојката кој/а веќе подолго време ни се допаѓа за состанок.
  • Да го исчистиме домот.
  • Да донираме пари во добротворни цели.
  • Конечно да направиме план за одмор надвор од државата.
  • Да го однесеме автомобилот на поправка.
  • Конечно да започнеме со вежбање.
  • Да започнеме со читање на книгата која другарот ни ја предложил пред една година.
  • Да собереме храброст да ја кажеме тајната која ја криеме од одредена блиска личност.
  • Да се вратиме повторно на факултет.
  • Да ù се извиниме на личноста која сме ја повредиле.
  • Конечно да му/ù кажеме дека го/ја сакаме.
  • Да создадеме нешто артистичко и да го споделиме со светот.
  • Чекањето на оној „совршен“ момент за да започнеме сопствен бизнис.
  • Да пуштиме машина за перење алишта.
  • Да ги измиеме садовите.
  • Да поминуваме повеќе време со децата.
  • Да почнеме да правиме мали чекори кон животот кој посакуваме да го живееме.
  • Да отидеме на концерт или на спортски настан.
  • Да научиме да говориме странски јазик.
  • Да земеме слободна недела од работа.
  • Да учествуваме во маратон.
  • Да ја започнеме книгата која отсекогаш сме сакале да ја напишеме.
  • Да волонтираме во некоја организација.
  • Да ги продадеме старите работи кои само ни „собираат прашина“ домот.
  • Конечно да ја заборавиме грешката која сме ја направиле пред многу време.
  • Да почнеме да поставуваме одредени прашања за кои се плашиме дека одговорот ќе биде „не“.
  • Да почнеме да учиме за испит.
  • Да си легнеме да спиеме пред да се раздени.
  • Конечно да му помогнеме на пријателот на кој сме му рекле дека ќе му помогнеме.
  • Да се откажеме од пушењето.
  • Да го направиме следниот чекор во врската.
  • Да одиме до продавница за да купиме основни работи како леб и млеко.
  • Да го фрлиме ѓубрето.
  • Да изнајмиме/купиме место за живеење само за себе.
  • Да штедиме пари за иднината.
  • Да ја прекинеме врската за која знаеме дека не функционира.
  • Да пробаме нови рецепти.
  • Да одиме на фризер.
  • И за крај, да направиме нешто само затоа што е забавно.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар