Секој родител на планетата Земја треба да го погледне овој 8-секунден гиф

Секој родител на планетата Земја треба да го погледне овој 8-секунден гиф

Можноста нивните деца да се здобијат со сериозна болест е голема грижа за секој родител. За среќа, модерната медицина нашла начини како да ги намали шансите ова да се случи до самиот минимум. Токму затоа и кога голем број луѓе се вакцинирани за одредена заразна болест, тие создаваат заштита и за оние што не се вакцинирани. Ова е познато како „имунитет на стадо“. Истражувајќи повеќе на оваа тема, наидовме на ова брилијантно гифче што го покажува начинот на кој оваа заштита функционира. Тоа ни покажува дека колку повеќе е распространета вакцинацијата, толку потешко им е на болестите да се шират – што е и логично.

Секој родител на планетата Земја треба да го погледне овој 8-секунден гиф

Како што можете да видите на самиот гиф, постојат 6 сценарија во зависност од тоа колку проценти од населението е вакцинирано. Првата категорија вклучува 0% вакцинација, додека последната е со 95% вакцинирани субјекти. Црвената боја се однесува на оние што се заразени, сината на невакцинираните и жолтата боја на оние што ја добиле својата вакцина. Како што можете и самите да видите, брзината и големината на заразата зависи единствено од бројот на вакцинирани. Имајќи го ова на ум, се поставува прашањето зошто сè поголем број родители одлучуваат да не ги вакцинираат своите најмали, притоа намалувајќи им ја заштитата од застрашувачки заразни болести…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар