Седум необични професии од кои можете да живеете #2

1. Испитувач на удобност на мебел

Дали некогаш седејќи на вашето омилено столче или лежејќи на вашиот неверојатно удобен кревет, се запрашувате дали би можеле тоа и да го работите? Епа, некои среќници всушност токму тоа го работат за компании кои се занимаваат со мебел. Купувачите се секогаш најважни, зарем не?
Седум необични професии од кои можете да живеете #2

2. Маскота

Сите деца се радуваат кога во забавниот парк ќе здогледаат маскота од некој јунак од цртаните филмови. Да ги правите децата среќни и весели не е лесна задача, постојано треба да бидете позитивни и насмеани. Сепак, седењето во огромен задушлив костум 8 часа дневно, 5-6 пати во неделата, ја прави оваа професија чудна и несекојдневна.
Седум необични професии од кои можете да живеете #2

3. Дегустатор на кучешка храна

Внимателно луѓе, овој човек сигурно ќе мириса чудно ако застане блиску вас во супер маркетот. Како и секој друг вид храна, и кучешката мора да биде тестирана и проверена. Да претпоставиме дека кучето не би било релевантно само по себе за да се искористи како вршител на оваа професија, па затоа е потребен стручен човек кој ќе се занимава со оваа вкусна професија.
Седум необични професии од кои можете да живеете #2

4. Нуркач по изгубени топчиња за голф

Доколку сте љубител на овој спорт, сигурно и самите знаете дека многу често се случува, при некој неконтролиран удар, топчето да падне во некое од езерата кои се наоѓаат покрај скоро сите професионални голф терени. Задачата на овој човек е секојдневно да нурка низ езерата, да ги наоѓа изгубените топчиња, а потоа да ги чисти за истите да можат повторно да се користат.
Седум необични професии од кои можете да живеете #2

5.  Молзач на змии

Доколку некогаш ве касне змија, ќе им бидете вечно благодарни на оние луѓе кои знаат како да ги искористат влекачите. Тие се одговорни да го исцедат отровот од змиите за потоа да може да се направи соодветен противотров. Да бидеме искрени, колкумина од вас помислија дека може да станува збор за млеко од змија?
Седум необични професии од кои можете да живеете #2

6. Одгледувач на марихуана

Не возбудувајте се премногу, сепак оваа професија не може да ја врши секој и секаде. Целта нормално не е да се продава и да се прави профит од марихуаната, туку најчесто таа се дава на некои лаборатории или хортикултурни училишта кои потоа ја испитуваат.
Седум необични професии од кои можете да живеете #2

7. Создавач на накит од измет од птици

Не, не, верувајте ова не го измислуваме. Навистина има луѓе кои го собираат изметот од птиците и потоа комбинирајќи го со одреден вид смола, создаваат прекрасни алки, обетки и ѓердани. Па девојки би ви препорачал да си ја проверите вашата кутија со накит.
Седум необични професии од кои можете да живеете #2

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. marija Reply

    4. 7. abe ajd ne zezaj ….. :S

  2. Михаела Reply

    јас сум пробала кучешка храна неколку пати, и сите до сеа шо сум ги пробала имале ист вкус (всушност немаат никаков вкус, ни солено, ни благо…никакво), а вака на мирис ептен различни… значи едино се разликуваат по витамините, иначе по вкус (барем за нас) исти се… а исто така мене ми велеле дека кучешката храна не се испитува толку како човечката па не било убаво да се јаде кучешка храна, демек можеш да фатиш некоја инфекција, да ти стане нешто..а што да речам за луѓето што ја работаат таа професија?? значи, немам гајле 😀

Остави коментар