Сè уште деца: 20 причини зошто милениумците никогаш нема да пораснат

Сè уште деца: 20 причини зошто милениумците никогаш нема да пораснат

Милениумците се генерација млади луѓе родени од средината на осумдесеттите, па сè до почетокот на новиот век. Тие се сметаат за модерните луѓе кои се многу поразлични од оние кои биле родени пред нив. За нас, станувањето возрасна личност не значи и заборавање на сите нешта кои нè сочинувале како деца. Погледнете ги следниве причини зошто ние едноставно никогаш нема да пораснеме…

Сè уште деца: 20 причини зошто милениумците никогаш нема да пораснат

1. Сè уште јадеме бонбони за да ни биде подобро – Без разлика на компанијата која ги произведува, ние никогаш не би одбиле бонбони бидејќи нè прават среќни.

2. Обожаваме Дизни филмови – Сè уште постојано ги гледаме цртаните со кои сме израснале и не ги пропуштаме новите модерни верзии.

3. Сè уште им се радуваме на балончињата – Можеби некаде постои научно објаснување зошто балончињата нè прават толку среќни.

4. Сè уште сакаме да ја лижеме лажицата за готвење – Без разлика за какво благо тесто станува збор, ниту еден од нас не може да издржи да не го проба од лажицата или рачката за миксер.

5. Потребни ни се дремки – Иако најчесто сме презафатени за да дремнеме, сепак успеваме да најдеме барем 15 минути во денот кои можат да ни направат огромна разлика.

6. Имаме потешкотии при одржувањето на нашата соба чиста – Бидејќи сме зафатени со милиони други нешта, едвај наоѓаме време да го средиме креветот и да поминеме со правосмукалка.

7. Сè уште сакаме да останеме подоцна отколку што би требало – Тоа е и причината зошто сакаме да стануваме многу покасно.

8. Повеќе би сакале да бидеме на отворено, одошто помеѓу 4 ѕида – Тешко е да останеме дома за време на топлите сончеви денови или врнежливите утра кога би можеле да си играме во вирчиња.

9. Сè уште обожаваме да се бањаме и тушираме – И не престануваме додека не ја потрошиме целата топла вода во бојлерот.

10. Никогаш нема да престанеме да сакаме животни – Особено ако станува збор за мало слатко кутре кое би можеле без прекин да го гушкаме.

11. Бабите и дедовците сè уште нè размазуваат – Дури и кога се чувствуваме дека сме сами во овој свет, секогаш можеме да се потпреме на нив и нивните мудри совети.

12. Имаме огромни соништа – Можеби сме се откажале од идејата да бидеме астронаути или принцези, но дефинитивно имаме големи и реални соништа за останатиот дел од нашиот живот.

13. Бескрајно уживаме во роденденски забави – Тие се секогаш весели собири кои стануваат уште позабавни по 21-от роденден.

14. Обожаваме да преспиваме кај пријателите – Зарем постои подобар начин за поминување квалитетно време со најблиските?

15. Сè уште се обидуваме да ја користиме Силата кога нешто ни е вон дофат – Да, не сме сфатиле како се користи, но со ова темпо би требало да откриеме додека остариме.

16. Често имаме симпатии со кои ни е срам да зборуваме – Тоа е посилно од нас. Без разлика за кој станува збор, секогаш постои личност на која немаме храброст да ѝ пристапиме.

17. Обожаваме да фотографираме – Кога бевме мали, немаше подобро чувство од развивањето на фотографиите кои нашите родители ги правеле од нас подолго време.

18. Сè уште ги јадеме истите грицки – Чипсови, смоки… Без разлика со што сме израснале, ние сè уште уживаме во истите вкусни задоволства.

19. Сè уште растеме и знаеме дека нè очекуваат големи нешта – Не постои ништо што би можело да нè спречи во намерите.

20. Но, сепак, длабоко во себе, секогаш ќе бидеме истите деца – Без разлика на нашите години и тоа што во моментот се случува околу нас…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар