Се отвори забавен парк инспириран од играта „Angry Birds“

Се отвори забавен парк инспириран од играта „Angry Birds“

Ултрапопуларната игра наменета за паметни телефони, не престанува да го тресе светот. По неверојатно големиот број преземања на играта (повеќе од 700 милиони), неколкуте продолженија, најавата за снимање на филмски серијал, користењето на познатите птички во маркетинг кампањи, сега во Финска се отвори и првиот официјален забавен парк инспириран од неа. Се отвори забавен парк инспириран од играта „Angry Birds“Минатата година ваков парк се отвори во Кина, но без дозвола на креаторот на играта. Ова е првиот официјален парк кој е направен во соработка со креаторот на играта, компанијата „Rovio Entertainment“.Се отвори забавен парк инспириран од играта „Angry Birds“Се отвори забавен парк инспириран од играта „Angry Birds“Директорот на паркот изјави дека неговата цел е да ги мотивира посетителите, без разлика дали станува збор за деца или за возрасни, да вежбаат и да уживаат на отворено. Од компанијата „Rovio Entertainment“ изјавуваат дека нареден чекор е отворање на ист ваков парк во Велика Британија, а целта е да станат познат бренд како Дизниленд. Парковите нема да бидат големи колку оние на Дизни, ќе зафаќаат многу помалку простор и во иднина би се направиле во секој поголем град, како посебен парк или како дел од веќе постоечки.Се отвори забавен парк инспириран од играта „Angry Birds“Се отвори забавен парк инспириран од играта „Angry Birds“Се отвори забавен парк инспириран од играта „Angry Birds“Се отвори забавен парк инспириран од играта „Angry Birds“Се отвори забавен парк инспириран од играта „Angry Birds“Се отвори забавен парк инспириран од играта „Angry Birds“


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар