Сакате снег или го мразите? Дознајте што кажува тоа за вашиот карактер

Сакате снег или го мразите? Дознајте што кажува тоа за вашиот карактер

Или го сакаме или не го сакаме снегот, нема помеѓу. За некои луѓе снегулките се извор на среќа, а призорот на снежна покривка не може да се споредува со ништо друго. Други пак, сакаат никогаш повеќе да не падне снег и вечно да уживаат во пролетта и летото. Во која група луѓе спаѓате вие? Тоа може да открива многу повеќе за вашиот карактер отколку што може да замислите. Дознајте што вашите чувства кон снегот откриваат за вашиот карактер.

1-nesakate-sneg-doznajte-shto-kazhuva-toa-za-vashiot-karakter-www.kafepauza.mk_

Луѓе кои сакаат снег

Ако сте една од оние личности кои се воодушевени да гледаат густи снегулки и едвај чекаат да ги облечат своите чизми и да тргнат во зимската идила, тогаш спаѓате во оние луѓе кои се секогаш спремни за акција. Сакате да бидете во природа без разлика на тоа дали ќе настинете или дали ќе ги наводните вашите нозе. И сега како возрасни повторно ги сакате детските радости, исто како и кога бевте мали и не разбирате како некој не може да се радува на неочекувана топка снег во грбот.

Ги сакате малите животни радости и возбудувања, како и изненадувања во сите облици. Стресот го исфрлате со вежбање или каква било активност, а не со прекумерна храната. Крцкањето на снегот под вашите нозе додека шетате е подеднакво убаво чувство како и мирисот на варено вино во кое ќе посакате да уживате после прошетката или санкањето. Не сакате да го поминувате ова време затворени во некое кафуле.

Луѓе кои не сакаат снег

Ако некој ве прашува, шетањето по пролетните цветни ливади е неспоредливо поубаво отколку шетањето по длабокиот снег. Снегот за вас е добар само кога го набљудувате низ прозорецот, а кога треба да излезете надвор би сакале веднаш да исчезне. Личностите кои не сакаат снег сакаат да се чувствуваат непотиснато и слободно, а снежната покривка прави да се чувствуваат сосема спротивно. Исто така, најмногу од сè ја сакаат удобноста и практичноста, а чистењето на снегот од автомобилот, мокрите обувки и облеката полна со снег никако не спаѓаат во тој опис.

Тие понекогаш се и перфекционисти, па обувките извалкани од лапавицата и тоа како ќе им бодат во очи. Стресот сакаат да го исфрлат во топлината на својот дом читајќи некоја добра книга, гледајќи документарец или пак, готвејќи некој кујнски специјалитет. Надворешните активности ги преферираат во потоплите месеци од годината. Зимата и снегот за вас се идеалното време за минување во топлината на некое кафуле уживајќи во разговорот со вашите пријатели и пиејќи шолја кафе или топло чоколадо.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар