Сѐ што некогаш сте сакале да знаете за ангелите

Луѓето уште од дамнешни времиња биле фасцинирани од ангелите. Тие се појавуваат во митолошки, религиски и други документи од различни култури и секогаш се опишани со крилја. Исто така и до ден денешен, многу луѓе им се молат на ангелите. Во продолжение прочитајте за некои нови гледишта на оваа тема кои би можеле да ви разјаснат неколку дилеми.

Сѐ што некогаш сте сакале да знаете за ангелите

Што се ангелите?

Ангелите се суптилни суштества од пониските редови кои постојат уште од создавањето на светот. Тие се гласници на Божествата кои живеат во пониските делови од Рајот. Како што луѓето комуницираат преку јазикот на звукот, така Божествата комуницираат преку јазикот на светлината. Задачата на ангелите е да ја пренесат пораката од Божествата до достојните суштества на разбирлив јазик за нив, а тоа го прават преку ставање мисли во нивниот мозок. За достојни суштества се сметаат луѓето на Земјата и суптилните тела во Чистилиштето кои имаат духовна пракса или се заслужни за водење правичен и несебичен живот. Пораките кои ги пренесуваат ангелите се однесуваат на световни ситуации.

Видови ангели

Постојат околу 30 видови ангели, а секој вид работи на различна фреквенција. На тој начин се овозможува пренос на пораките до различни карактери на луѓе, зависно од тоа која фреквенција најдобро одговара на конкретниот карактер. Поради тоа постојат повеќе видови ангели.

Духовното ниво на ангелите

Духовното ниво на ангелите се движи помеѓу 29% и 34%. За одредување на духовното ниво, се користи скалата од 1 до 100, при што 1% одговара на духовното ниво на неживите предмети, додека 100% се однесува на духовното ниво на личностите кои достигнале себеспознание т.е. се соединиле со Бог. Повеќето луѓе денес, во ерата на Раздорот, имаат духовно ниво од 20%. Доколку во денешно време имаме духовна пракса при што шириме духовност, минималното потребно ниво за влез во рајот после смртта е 50%. Доколку практикуваме духовна пракса само за свој личен напредок, минималното потребно духовно ниво е 60%.
Покрај своето ниско духовно ниво, според Господовата структура, ангелите се наоѓаат во ниските делови од Рајот. На пример, Керубините имаат духовно ниво од 29%. Серафимите имаат духовно ниво од 31%. Архангелите имаат духовно ниво од 32%. Па така како што на Земјата заедно со луѓето живеат животните и растенијата, така во Рајот заедно со Божествата живеат ангелите.

Дали ангелите имаат крилја?

Вообичаено ангелите се прикажуваат со крилја, но едно неодамнешно истражување засновано на духовното знаење ни открива дека само 30% од ангелите имаат крилја. Тие 30% припаѓаат на најнискиот ред ангели и нивната комуникација со луѓето се сведува на исполнување скромни световни желби.

Постојат ли ангели чувари?

Многу луѓе веруваат во ангели чувари. Но, понекогаш се случува починатите предци да комуницираат со членови од семејството за да влијаат на одредени случувања од нивните животи, па така можат и да бидат погрешно разбрани како ангели чувари.

Можеме ли да ги видиме?

Ангелите се суптилни суштества и не можеме да ги видиме со голо око. Можат да се почувствуваат само со помош на развиено шесто сетило. Како што и претходно споменавме, ангелите комуницираат со луѓето така што ги хранат со мисли.

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар