Русокоси Швеѓани се разбудиле зелени

Автор: Весна Јовановска

Русите коси, веѓи и бради на голем број Швеѓани од градот Андерслов, кој се наоѓа во јужниот дел од земјата, наеднаш им позеленеле. Тие веднаш го вклучиле алармот и првото што им паднало на ум е да го испитаат нивото на бакар во водата, познат по зелениот ефект кој може да го предизвика врз косата и кожата.Русокоси Швеѓани се разбудиле зелениПрвичните испитувањата покажале дека нема зголемено присуство на овој метал. Тоа страшно ги збунило експерите кои ги вршеле испитувањата. Одлучиле да се впуштат во нови подлабоки анализи, со кои сепак, утврдиле дека причина за позеленувањето е бакарот, но не го пронашле во водата, туку во цевките низ кои таа поминува. Цевките не биле соодветно заштитени, па загреаната вода која подолго се задржувала во нив, ги одлепувала бакарните честички од ѕидовите, кои за десет пати го надмининувале дозволеното количество.

Откако ќе се избањаат со ваквата вода, од русокоси станувале зелени. Овој проблем не го зафатил целиот град, туку само поновите објекти во кои живеат околу  1.700 лица. На експертите не им преостанало ништо друго, освен да ги посоветуваат овие граѓани, косата и лицето да ги мијат со ладна вода или пак, да се преселат во старите станбени згради во кои нема ваков проблем.
———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар