Розовото езеро Ретба

Езерото Ретба се наоѓа во африканската држава Сенегал, на околу 56 километри од главниот град Дакар и е еден од многуте невообичаени природни феномени во светот. Во зависност од времето тоа ја менува бојата од светло виолетова до силно розова.Розовото езеро РетбаНеобичната боја на водата се должи на цијанобактеријата „Dunaliella salina“, која вирее во средини со висока соленост. Таа ја апсорбира сончевата светлина, по што ги продуцира розовите нијанси. За време на сувата сезона бојата е поизразена.Розовото езеро РетбаЕзерото е распространето на површина од 3 квадратни километри, а неговата максимална длабочина изнесува 3 метри. Количеството на сол во Ретба е 40%, со што тоа е достоен ривал на мртвото море. Во еден литар вода има 380 грама сол.Розовото езеро РетбаРозовото езеро РетбаЛокалните жители профитираат токму од солта во Ретба. Нејзиното ископување се врши главно со дрвено кану, се оди до подлабоките делови на езерото и таму со голи раце таа се вади од дното, се собира и се носи на брегот за да се исуши.Розовото езеро РетбаВо овој процес учествуваат сите, како мажите, така и жените и децата. Тие работат по 6-7 часа на ден, а за да ја заштитат кожата од енормните количества сол, се мачкаат со масло од шеа (Shea Butter). Тоа делува смирувачки и го штити ткивото од оштетувања.Розовото езеро РетбаРозовото езеро РетбаРозовото езеро РетбаРозовото езеро РетбаРозовото езеро РетбаРозовото езеро РетбаРозовото езеро РетбаРозовото езеро РетбаРозовото езеро РетбаОсвен по својата специфична боја, езерото е препознатливо и по познатото рели Дакар, кое во последните години е преселено во Јужна Америка.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

Остави коментар