Родители внимавајте: Откриен е педофилски канал на Јутјуб со повеќе од 12 милијарди прегледи

Интернетот е присутен во нашите животи и нема да си замине од него. Сите имаме пристап до виртуелниот свет, а тоа ги вклучува и децата и педофилите, што не е баш добра комбинација. Родители, најдобро би било да ги држите очите ширум отворени бидејќи комичарот Даниел Тош пред некое време открил огромен педофилски канал на Јутјуб!

Родители внимавајте: Откриен е педофилски Јутјуб канал со повеќе од 12 милијарди прегледи

Денешните деца секојдневно го користат Интернетот, но и педофилите исто така. Интернетот им служи како шведска маса на одвратните поединци кои се интересираат за детска порнографија, а со оглед на тоа што постојат милијарди и милијарди веб-сајтови, навистина е тешко да се контролира оваа појава. Комичарот изјавил дека најновите трендови го предизвикале создавањето на неколку различни веб-сајтови кои не се користат за ништо друго освен за детска порнографија. На прв поглед, сајтовите делуваат привлечно за децата, но ако истражите подлабоко, ќе видите дека тие воопшто не се соодветни за деца.

Социјалните служби им одзеле 2 деца на родителите Мајк и Хедер Мартин поради едно видео во кое децата плачат како резултат на некои болни шеги и трикови. Според повеќе изјави, овој пар ги злоупотребувал децата на многу начини. Јутјуб каналот што го има семејството Мартин се вика DaddyOFive и изобилува со контроверзни видеа каде што се гледа дека децата неволно учествуваат. Луѓето тврдат дека каналот е наменет за педофили.

Сето ова било обелоденето кога сајтот Vigilant Citizen открил онлајн видеа објавени на јавни сајтови, како што се Фејсбук и Јутјуб, наменети единствено за педофилски фетиши. Можеби нема да го забележите тоа на прв поглед, барем децата со сигурност не би забележале, но по некое време ќе сфатите дека станува збор за бизарни ситуации кои не се соодветни за деца, а служат како рај за предаторските очи. Можете да видите како Елса, Дизни ликот од „Замрзнато“ (Frozen), има секс со Спајдермен во различни видеа. На други видеа Мини Маус му го отсекува увото на Мики Маус, на пример.

Родители внимавајте: Откриен е педофилски Јутјуб канал со повеќе од 12 милијарди прегледи

Родители внимавајте: Откриен е педофилски Јутјуб канал со повеќе од 12 милијарди прегледи

Даниел Тош изјавил дека децата кои се дел од Јутјуб каналот Seven Super girls најверојатно не се свесни за начинот на кој се рекламирани. Децата можеби мислат дека учествуваат во забавни и необични семејни видеа, но во реалноста, тие служат како алатки за привлекување на педофилската популација. Каналот има објавено повеќе од 3.000 различни видеа и на прв поглед не делува како порно страница. Можеби ќе си помислите дека тоа се нормални работи што ги прават сите девојчиња, но тие се посебно направени за да ги привлечат педофилите и да ги исполнат фантазиите што ги имаат припадниците на мрачната страна на човештвото. Сите девојчиња имаат помалку од 18 години и имаат свој приватен канал каде што можете да ги следите.

Првото видео има повеќе од 138 милиони прегледи и луѓето никогаш не се посомневале во неговата намена. Видеото се вика „Утринската рутина на Луси“ (Lucy’s Morning Routine) и прикажува дете кое лиже шлаг од тортичка. Второто видео е насловено како „Бегство од креветот наутро“ (Escaping From Your bed In The Morning) и прикажува мало девојче залепено со селотејп на креветот, но видеото е моментално тргнато од Јутјуб. Очигледно е дека станува збор за педофилски фантазии и врзување на дете.

Родители внимавајте: Откриен е педофилски Јутјуб канал со повеќе од 12 милијарди прегледи

Девојчињата кои учествуваат во овие видеа биле одбрани откако пратиле видео на каналот SAKS, за којшто некои луѓе шпекулираат дека треба да алудира на СЕКС. Погледнете ги видеата на официјалниот канал на SAKS, па самите донесете заклучок…

Дали мислите дека овие невини видеа биле направени со дозвола на родителите? Родителите треба да се сетат на опасниот свет на детска порнографија и трговија со деца на Интернет пред да објават видеа од нивните мали девојчиња. Веројатно ќе се согласите дека родителите кои го прават ова, не си ја вршат добро својата улога.

Јутјуб е полн со вакви канали и очигледно е дека не планира да ги забрани. Најважно е да запомните дека и покрај вашите лозинки и заштити на компјутерот, ваквите видеа сепак можат да стигнат до вашите деца. Тие им се рекламираат на децата преку интересните имиња и фотографии кои делуваат безопасно. Обрнете внимание на она што го гледаат вашите деца, бидејќи никогаш не знаете на што можат да налетаат додека користат Јутјуб!

Во продолжение, прочитајте како овој компјутерски робот што личи на вистинско девојче фатил над 1.000 педофили.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар