Родени сте во пролет? Еве како тоа влијае на вашиот карактер

Родени сте во пролет? Еве како тоа влијае на вашиот карактер

Нема човек кој не ја сака пролетта! Ретко кој може да одолее на расцутената природа, разбудениот животински свет и топлите сончеви денови. Сето тоа придонесува луѓето да се исполнат со позитивна енергија и да се чувствуваат подобро. Покрај општите придобивки што им ги нуди пролетта на сите, оние коишто се родени во овој период се во уште поголема предност. Според најновите истражувања годишното време во кое сте родени може значително да влијае на вашиот карактер и здравје. Еве како…

Дали сте родени во пролет? Еве како тоа влијае на вашиот карактер

Пооптимистични сте

Посветла сезона – посветол поглед на работите. Се претпоставува дека луѓето родени на пролет обично се дури и премногу оптимистични. Кај нив чашата е секогаш полна. Можноста нешто да тргне наопаку за нив е незамислива. А многу добро е познато дека оптимизмот го подобрува расположението и позитивно влијае на имунитетот.

Покреативни сте

Професорот Марк Хамилтон од Универзитетот во Конектикат, направил детална анализа на повеќе од 300 јавни личности: Од популарни ѕвезди и артисти, до научници и политичари. Тој открил дека поголемиот дел од нив се родени во „водени“ месеци, а според астрологијата тоа се луѓето родени во зима и рана пролет. Според тоа постои голема веројатност месецот на раѓање да е поврзан и со нивото на креативност.

Вие сте роден лидер

Слободно можете да се искачите на скалата на успехот! Според едно истражување спроведено од страна на Универзитетот Британска Колумбија во Канада, оние кои се родени во март и април имаат поголеми шанси да станат предводници на моќни компании отколку оние родени во летните месеци. Ова истражување било извршено на 375 учесници кои граделе кариера во областа на бизнисот од 500 различни компании во периодот помеѓу 1992 и 2009. Причината за ваквите резултати може да се бараат уште во раните училишни денови. Имено, оние кои се родени во рана пролет се обично најстарите ученици во класот што има влијание на нивните оценки и сериозноста со која ги прифаќаат обврските. Затоа често пати се назначувани за претседатели на класот. А успехот од рана возраст води кон поголеми можности подоцна во животот.

Сепак имајте на ум дека датата на раѓање не може да ви ја определи судбината. Сè што ќе постигнете во животот зависи само од вас. Но, доколку сте „дете на пролетта“ убаво е да се имаат предвид ваквите позитивни предиспозиции, се согласувате?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар