Рибар објавува фотографии од неверојатните суштества кои живеат во океанот

Рибар објавува фотографии од неверојатните суштества кои живеат во океанот

Што демне од најтемните и најдлабоките делови на океанот? Ако сте си го поставиле ова прашање, не сте единствените. Сепак, има малку одговори на ова прашање. Океаните зафаќаат 70% од површината на Земјата, а луѓето имаат истражено само 5%.

(1)ribar-objavuva-fotografii-od-neverojatni-tesuhstestva-koi-zhiveat-vo-okeanot-kafepauza.mk

За среќа, рибарот Роман Федорцов се обидува да ни покаже што навистина се наоѓа во океаните споделувајќи фотографии од суштествата кои ги наоѓа. Роман живее во Мурманск, Русија, пристанишен град кој се наоѓа во близина на Баренцовото море. Морето се влева во Арктичкиот Океан каде што рибарите и екипажот на Роман најчесто работат.

(2)ribar-objavuva-fotografii-od-neverojatni-tesuhstestva-koi-zhiveat-vo-okeanot-kafepauza.mk

На речиси секое патување, Роман открива чудни суштества кои се фаќаат во неговата мрежа. Тој редовно ги фотографира и ги објавува на неговиот Твитер профил. Неговите откритија ги следат илјадници луѓе, вклучувајќи и научници кои сакаат да научат нешто повеќе.

(3)ribar-objavuva-fotografii-od-neverojatni-tesuhstestva-koi-zhiveat-vo-okeanot-kafepauza.mk

Некои од суштествата се како од некој хорор филм. Можеби ќе забележите дека поголемиот дел од нив имаат црна и црвена боја. Причината е тоа што ова се најдобрите бои со кои можете да живеете во длабочините на океанот. Повеќето од овие суштества живеат во „зоната на самракот“ на океанот, на длабочина од 200 до 1.000 метри. Суштествата пак кои живеат на длабочина од 1.000 до 4.000 метри речиси и да не добиваат сончева светлина. Бидејќи црната боја ја апсорбира секоја бранова должина на светлината без рефлексија, ова е најбезбедната боја за оваа длабочина. Истото важи и за црвените суштества. И тие изгледаат црни бидејќи нема црвена светлина која ќе се рефлектира.

(4)ribar-objavuva-fotografii-od-neverojatni-tesuhstestva-koi-zhiveat-vo-okeanot-kafepauza.mk

(5)ribar-objavuva-fotografii-od-neverojatni-tesuhstestva-koi-zhiveat-vo-okeanot-kafepauza.mk

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар