Револуционерните пораки на Ернесто Че Гевара

Прочитајте дел од пораките кои го мотивирале славниот револуционер Ернесто Че Гевара (14 мај 1928 – 9 октомври 1967) да издржи во својата мисија…

Револуционерните пораки на Ернесто Че Гевара

„Попрво би умрел стоејќи, отколку да живеам живот на колена.“

„За да постигнете многу, мора прво да изгубите сè.“

„Револуцијата не е јаболко што паѓа кога е зрело. Морате да го натерате да падне.“

„Не ми е гајле ако паднам, сè додека има кој да ја подигне пушката и да продолжи да пука.“

„Суровите лидери се заменуваат, само за да дојдат нови и се претворат во сурови.“

„Дозволете му на светот да ве промени и ќе можете да го промените светот.“

„Мора да се урнат ѕидовите на образовниот систем. Образованието не смее да биде привилегија на децата на богатите.“

„Револуцијата не е портрет, таа е пејзаж.“

„Ако јас загубам, тоа не значи дека не требало оваа кауза да победи.“

„Јас не сум ослободител. Нема ослободители. Луѓето сами се ослободуваат.“

„Ако во тебе трепери огорченост од секоја неправда, тогаш ти си мој пријател.“

„Во моменти на голема опасност, лесно е да се даде моќен одговор за моралните мотиви, но за да се постигне ефектот, треба да биде изградено ново сознание, во кое вредностите се со нови приоритети.“

„За време на една револуција, човек или триумфира, или загинува.“

„Можеби звучи глупаво, но според мене, вистинскиот револуционер е воден од силно чувство на љубов.“

„Бидете реални, сонувајте за невозможното!“

„Омразата како воено средство е безусловна омраза кон непријателот, која те носи надвор од човековите ограничувања и те претвора во ефикасна, насилна, селективна и ладна машина за убивање.“

„Тажно е да немаш пријатели, но уште потажно е да немаш непријатели.“

„Не можеме да бидеме сигурни дека имаме нешто за кое вреди да живееме, доколку не сме подготвени да умреме за истото.“

„Јас сум авантурист, кој го ризикуваше својот живот за да ја докаже својата банална теза.“

„Јас не сум Христос, филантроп или стара дама, јас сум спротивното на Христос… Попрво би се борел со сите оружја што ми се на располагање за работите во кои верувам, отколку да дозволам да бидам прикован на крст или каде било.“

„Нема граници во оваа борба до смрт. Ние не можеме да бидеме  рамнодушни кон она што се случува насекаде во светот, победата од која било земја во време на империјализам е наша победа, а секој пораз на која било држава е пораз за сите нас.“

„Мора да се бориме секојдневно за нашата љубов кон човештвото да стане реалност.“

„Ние треба да ја пренесеме војната насекаде, каде што е непријателот – во неговиот дом, во неговите забавни центри, треба да му објавиме тотална војна. Не треба да му оставиме ни момент спокој, ни миг во или надвор од барикадата. Треба да напаѓаме секаде каде што е тој и да го натераме да се чувствува како ѕвер, притиснат во аголот. Тогаш неговата издржливост ќе почне да се намалува, а ние ќе почувствуваме како почнуваат да исчезнуваат сите знаци на слабост.“

„Ако сметате дека она што го правиме во интерес на народот претставува манифестација на комунизам, тогаш викајте не комунисти. Ако се прашувате дали сум член на „Partido Socialista Popular (популарна социјалистичка партија), одговорот е НЕ.“

„Знам дека си дошол да ме убиеш. Стрелај плашливецу, ќе убиеш само човек.“ (Че Гевара кон неговиот убиец)

Повеќе за ставовите на Че, дознајте од неговиот дневник, кој го пишувал додека живеел на планините во Боливија, а кој од неодамна е достапен и на интернет.

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

Остави коментар