Ресторан во кој работат мали дечиња

Kinderkookkafé“ е семеен ресторан во Амстердам кој е целосно управуван од дечиња. Тие готват, сервираат, им ја носат сметката на муштериите и ги мијат садовите, се разбира со мала помош од повозрасен персонал. Менито е многу едноставно и вклучува главно јадење и десерт. Состојките се свежи, храната е здрава, а цените се многу ниски. Пред да дојдете во ресторанот, најчесто ќе треба да направите резервација.Ресторан во кој работат мали дечињаРесторан во кој работат мали дечињаОва место е дел ресторан, дел училиште за готвење и дел детска градинка. Родителите ги остават нивните деца попладне и се враќаат подоцна за да го изедат оброкот кој тие им го приготвиле. Додека се децата таму, возрасните вработени ги подучуваат како да готват, да сервираат и да им стојат на располагање на муштериите. Ресторан во кој работат мали дечињаСо помош и надзор од страна на двајца возрасни, децата можат да учат како да подготват вечера во сабота, а да печат колачи и пита за ужина во недела. Доколку дечињата сакаат, тие можат да се приклучат во кујнската бригада, заедно со останатите деца кои си работат таму или да уживаат во послужен топол оброк, заедно со нивните родители.Ресторан во кој работат мали дечињаРесторан во кој работат мали дечињаИзработени се и сликовити менија за муштериите да си одберат што сакаат дечињата да им зготват: сендвичи, милкшејк, колачиња… Начинот на готвење, користењето на потребните состојки и инструкциите од страна на нивните учители по готвење е на нивно ниво, за да можат да сфатат и сработат сè што е потребно за услугата да биде како што треба. Ресторан во кој работат мали дечињаРесторан во кој работат мали дечињаРесторан во кој работат мали дечињаДецата тука можат да работат сè: од готвење, примање нарачки, сервирање храна, миење садови, служење безалкохолни пијалаци од зад шанкот, па сè до носење сметки за наплата. Основната идеја која стои зад интересниот начин на работа на холандскиот ресторан, е да се научат децата како да станат одговорни и корисни, во една забавна и пријателска детска атмосфера.Ресторан во кој работат мали дечињаРесторан во кој работат мали дечињаРесторан во кој работат мали дечињаРесторан во кој работат мали дечиња


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар