Реклами на улица

Погледнете како изгледа герила маркетинг на дело на улиците низ светот:

Пешачки премин „Мекдоналдс“

Летото 2010 година, Мекдоналдс излезе со оваа иновативна герила маркетинг кампања за време на Цирихфест, најголемиот фестивал од јавен карактер во Швајцарија. За време на фестивалот, обичниот пешачки премин беше трансформиран во премин од пржени компирчиња што, мора да се признае, е своевидна уметност.Реклами на улица

Пешачки премин за шопинг центарот „Curitiba“

Креативна зебра во форма на бар-код беше направена за промоција на шопинг центарот Curitiba во Бразил.Реклами на улицаРеклами на улицаРеклами на улица

Пешачки премин „Coca-Cola“

Овој пешачки премин се наоѓа во Шпанија и е направен во септември, 2002 година за Кока-кола од страна на маркетинг агенцијата Universal Mccann.Реклами на улица

Пешачки премин „Mr. Clean“

Овој познат бренд за чистење, поставувајќи една изразено бела линија како дел од пешачки премин, го покажува неговиот квалитет во споредба со другите слични средства кои симболично се претставени на другите линии од преминот.Реклами на улица

Пешачки премин „FedEx Kinko“

Маркетинг агенцијата BBDO на улиците во Њујорк поставила големи шишиња од коректор, фломастери, маркери, а на една улица и светилка за биро, промовирајќи ги производите на FedEx Kinko.Реклами на улица

Пешачки премин за осигурителна компанија

Како што гледате, пешачкиот премин е многу популарен во герила маркетингот. Овој е насловен „Пешачките премини се безбедни“, а е изработен од агенцијата Pragma DDB во Лима, Перу за осигурителната компанија Latina.Реклами на улицаРеклами на улицаРеклами на улица

Пешачки премин St. Louis Symohony

Овој пешачки премин е направен со креди, бел спреј и шаблони и има за цел да промовира концерти и музички настани.Реклами на улица

Пешачки премин за фризерски салон

Овој пешачки премин се наоѓа во Индија и е направен од привремена налепница во форма на чешел, преку која се промовира фризерски салон.Реклами на улица


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар