Реченици кои совршено го отсликуваат чувството на депресија

Како е да се биде депресивен? Проблемот е што никој не знае да опише со сигурност. Повеќето луѓе без разлика колку негативно или тажно се чувствуваат, мислат дека тоа е нормално доколку така се чувствуваат секој ден. Депресијата може да се појави во многу форми и поради тоа понекогаш тешко е да се препознае. Честопати луѓето немаат надворешни симптоми на депресија и затоа таа поминува незабележано.

Реченици кои совршено го отсликуваат чувството на депресија

Симптомите на депресија можат да варираат од благи и речиси незабележливи како што се губење апетит, одбегнување на пријателите и семејството и агресивно однесување, до многу силни како што се неспособноста да се стане од кревет, несоница и самоубиствени мисли. Без разлика дали депресијата ви била дијагностицирана или не, страшно е сознанието дека постои вистинска причина зошто се чувствувате лошо. Можеби мислите дека оваа информација треба да ја задржите за себе за да ги поштедите вашите пријатели и семејството, но поддршката навистина многу би можела да ви помогне.

На многумина им е тешко да живеат со помислата дека страдаат од депресија. Но, треба да запаметите дека не сте сами. Депресијата е многу честа појава и постојат многу начини да се поврзете со луѓе кои поминуваат низ истото.

Доколку се чувствувате тажно или не знаете како се чувствувате, прочитајте ги следниве реченици за да видите дали ќе можете да се пронајдете. Ако совршено ја отсликуваат вашата емоционална состојба, можеби е време да им се обратите на блиските пријатели, семејството или да побарате стручна помош. Битката е тешка, но не мора да ја водите сами. Станува збор за следниве реченици…

„Спиењето не е само спиење, туку бегство.“

„Живеам во тело кое се бори за да преживее со ум кој посакува да умре.“

„Се чувствувам исцрпено.“

„На другите луѓе не им е гајле за мене.“

„Ќе завршам напуштен/а или сам/а.“

„Нема да успеам да го пребродам ова.“

„Не гледам причина да продолжам да се трудам.“

„Се чувствувам безнадежно.“

„Немам апетит.“

„Нема врска, добро сум.“

„Немам никакви чувства.“

„Немам енергија за ништо.“

„Ги кријам вистинските емоции за да не им стане непријатно на луѓето околу мене.“

„Не сакам да бидам товар.“

„Не ми е гајле веќе за моите интереси и желби.“

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар