Разгледајте ја оваа слика во мир и тишина и одберете го вашиот ангел чувар

Посветете си неколку минути за себе! Најдете тивко и мирно место во домот или на работа и погледнете ја оваа слика. Одберете го вашиот ангел чувар и прочитајте ја вашата небесна порака. Подготвени сте да дознаете нешто повеќе за себе?

Разгледајте ја оваа слика во мир и тишина и одберете го вашиот ангел чувар

Слика под број 1

Имате мајчинска страна и постојано се грижите за луѓето околу вас. Но, мора да научите кога да побарате помош. Немојте да чувствувате грижа на совест кога ќе добиете подарок, бидејќи така ја блокирате вашата енергија. Научете како да прифатите помош. Прифаќањето ќе ви помогне да ги чуете ангелските гласови, да ја видите убавината во природата, да уживате во топлите моменти и во прегратките на луѓето. Едноставно, научете да кажувате „Благодарам“ за секој подарок.

Слика под број 2

Честопати се чувствувате неурамнотежени поради стресот и обврските што ги имате секојдневно. Вашиот ангел сака да почувствувате мир и да ги решите несогласувањата што ги имате со пријателите, саканите и колегите. Мора да запомните дека има случаи кога вашата природна рамнотежа е нарушена поради проблеми што не сте ги предизвикале вие. Предизвиците се јавуваат тогаш кога се случуваат важни промени и не го знаете крајниот резултат. Мора да размислувате позитивно во такви моменти. Обидете се да се опуштите и да верувате дека наскоро ќе си ја вратите позитивната рамнотежа во животот. Бидете трпеливи и оставете го вашиот ангел чувар да се погрижи за останатото!

Слика под број 3

Ако сте го одбрале овој ангел чувар, тоа значи дека се обидувате да излечите некоја стара емоционална болка. Првото нешто што ќе ви падне на памет и токму проблемот што се обидувате да го решите. Тогаш кога ќе се ослободите од лутината, вината и другите емоционални рани, ќе ја разбудите вашата внатрешна моќ и ќе го привлечете сето она што го посакувате. За време на вашето заздравување, не заборавајте дека заслужувате љубов и среќно срце.

Слика под број 4

Успешно сте ги расчистиле проблемите од минатото и сте ставиле крај на вашите кармички лекции. Можеби неодамна сте се соочиле со некаков предизвик или со вознемирувачко искуство со некоја личност кое ви предизвикало голема болка. Иако постојат одредени лекции со коишто постојано се соочуваме во текот на животот, никогаш повеќе нема да морате да ја повторите оваа лекција. Прилагодете се и на добрите и на лошите искуства во животот. Сѐ ќе помине, па затоа останете фокусирани, приземни и стабилни.

Слика под број 5

Брзото темпо на вашиот секојдневен живот не ви дозволува да одвоите време за себе и да уживате. Кога последен пат сте направиле нешто за да се чувствувате добро? Подгответе си посебен оброк и уживајте во секое залче! Гледајте деца или животни како си играат и придружете им се. Прегрнете ја саканата личност. Одвојте време за прошетка. Ако се чувствувате виновни поради тоа што уживате, земете воздух и сетете се дека треба да се ужива во животот. Ако не си дозволуваме уживање, може да заборавиме како да чувствуваме. Вклучете ги вашите сетила и поврзете се со животната суштина. Радоста и задоволството се основните состојки за среќен живот.

Слика под број 6

Разбудете го детето во себе и потсетете се на убавите и едноставни нешта во животот. Ангелите ви потврдуваат дека сте на вистинскиот пат. Фокусирајте се на вашите соништа и почитувајте го детето во вас така што ќе го правите она што ви носи среќа во животот. Иако можеби ќе наидете на некои пречки, продолжете да го следите вашето срце. Не се откажувајте од надежта и коцките ќе ви се наредат.

Слика под број 7

Понекогаш, обидувајќи се да достигнеме некоја цел, несвесно заглавуваме во рутина. Се лажеме себеси мислејќи дека кога ќе добиеме она што го сакаме, ќе имаме слобода и моќ да ги оствариме сите наши желби. Време е да си дозволите да ги правите оние работи кои навистина ги сакате. Размислете што е она што би ве натерало радосно да го започнете денот. Што е она што ви го исполнува телото со возбуда и ви предизвикува насмевка во душата? Најдете начин да го исполните вашиот живот со работите што ја будат вашата страст.

Слика под број 8

Поминувате низ длабока трансформација. Успеавте да ги решите проблемите од минатото и сега вашата вистина природа излегува на виделина. Продолжете го вашето духовно патување и бидете такви какви што се. Имате што да му понудите на светот. Љубовта е волшебна, бидејќи може да создава промени. Љубовта што ја носите во себе ќе ги допре сите луѓе околу вас. Поминувајте повеќе време во природа за да ја одржите магијата што постои во вас. Вашата свест наскоро ќе се разбуди и тоа ќе има волшебно влијание врз вашиот живот.

Доколку ви се допадна овој тест, зошто да не направите уште еден? Одберете еден небесен симбол и прочитајте ја вашата инспиративна ангелска порака.

Одберете еден небесен симбол и прочитајте ја вашата инспиративна ангелска порака

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар