Рандом изненадувачки факти

„Рандом“ изненадувачки факти

Сте знаеле ли колку слоновите се плашат од пчели, или колкав процент од убиствата се разрешуваат? Светот е чудно место каде секојдневно се случуваат многу интересни работи и се дознаваат многу зачудувачки факти. Овие факти ќе ве изненадат, зачудат или пак насмеат.

Рандом изненадувачки факти

  • Џон Бон Џови е сопственик на ресторан кој нема ценовник. Гостите плаќаат онолку колку што имаат или волонтираат во замена за својот оброк.
  • Кошаркарот Тим Данкан ја жртвувал својата кариера и наместо директно да замине во НБА лигата, останал 4 години да заврши факултет. Тој на својата мајка додека била на смртна постела ѝ дал ветување дека ќе дипломира, па така и сторил.
  • Луѓето многу често имитираат нечиј говор поради симпатија кон личноста, со цел да се зближат и да се асоцираат со нив.
  • Едно истражување покажало дека брокерите се повеќе манипулативни и помалку совесни од дијагностицираните психопати.

Рандом изненадувачки факти

  • Астронаутите кои се вратиле од вселената, тврдат дека истата мириса како прегорен стек или жежок метал.
  • Ако умрете во Амстердам без најблиските и никој не дојде на вашиот погреб, поет ќе напише песна за вас и ќе ја рецитира на вашиот погреб.
  • Бил Клинтон испратил вкупно 2 имејл-пораки за време на неговата функција како претседател.
  • Дени Трејо е познат по улогите на негативци кои ги толкува. Тој самиот тврди дека одбира такви улоги за да ги научи младите што се случува со лошите луѓе, дека тие завршуваат во затвор или умираат.

Рандом изненадувачки факти

  • Главниот преведувач во европскиот парламент, Лоанис Икономоу, течно зборува 32 светски јазици.
  • Дури 70% од убиствата во Детроит не се разрешуваат.
  • На Шон Конери му била понудена улогата на Гандалф во „Господарот на прстените“, но тој одбил образложувајќи дека не го разбирал сценариото. Доколку прифател ќе заработел 400 милиони долари, со оглед на тоа што му биле понудени 15% од заработувачката.
  • Во текот на деведесеттите, сите учителки во Северна Кореа со цел да добијат сертификат, морале да знаат да свират на хармоника.

Рандом изненадувачки факти

  • Куче-скитник има спасено 50 американски војници во Авганистан. Преку група на Фејсбук биле собрани 21.000 американски долари со цел да се доведат кучињата скитници во Америка и да се спојат со американските војници.
  • Норвешка добива 98-99% од својата електрична енергија преку хидроцентрали, повеќе од која било друга земја.
  • На Фејсбук постојат околу 30 милиони профили на луѓе кои се починати.
  • Во најголемиот затвор во Боливија има посебно општество за затворениците, во кое нема ни стражари. Затворениците си одбираат свои лидери, имат свои закони, се вработуваат за да платат кирија за своите ќелии, а доколку сакаат можат да живеат таму со своите семејства.
  • Во 1973 година, пијан возач удрил во најизолираното дрво во светот и го уништил. Дрвото се наоѓало во средината на пустината Сахара.
  • Местото Окинава во Јапонија има повеќе од 450 жители кои се постари од 100 години, и е познато како најздравото место во светот.
  • Збирот на сите броеви на тркалото за рулет е 666.

Рандом изненадувачки факти

  • Оригиналната верзија на филмот „Трон“ не ја добил наградата за најдобри специјални ефекти, бидејќи продуцентите биле обвинети дека „лажеле“ со тоа што употребувале компјутери.
  • Поради количината на гранит во неговата конструкција, Централната станица во Њујорк произведува повеќе радијација отколку што е дозволиво во нуклеарна постројка.
  • Кевин Спејси е актер кој навистина го чува својот приватен живот за себе. Самиот тој има изјавено: „Колку помалку знаете за тоа каков сум во приватниот живот, толку моите улоги во филмовите се поубедливи.“
  • Кондомите „Магнус“ се дизајнирани така што би биле прикладни за многу мажи. Ова е еден вид маркетиншки трик, бидејќи нивното купување навистина го поттикнува егото.

Рандом изненадувачки факти

  • Слоновите премногу се плашат од пчели. Тие дури имаат и звук со кој меѓусебно си сигнализираат кога доаѓаат пчели.
  • Диктаторот Сталин толку го мразел својот син, што кога тој безуспешно се обидел да се самоубие, Сталин искоментирал „Тој не може ни да пука право“. За време на војната кога неговиот син бил киднапиран од страна на Германците, Сталин ја одбил размената со војници за да го врати назад.
  • Коко е позната горила, за која се вели дека покрај другото, разбирала над 2.000 англиски зборови. За време на нејзината средба со телевизиската ѕвезда господин Роџерс, Коко му ги соблекла чевлите исто како што тој го направил тоа во почетоците на неговото шоу. Коко еднаш ги излажала своите тренери со помош на јазик со знаци, обвинувајќи едно маче за штетата на ѕидот која сама ја предизвикала.

Рандом изненадувачки факти

  • Помеѓу 1939 и 1989 во Шпанија биле украдени околу 300.000 новороденчиња од страна на поврзана мрежа за криминал, која се состоела од доктори, медицински сестри, свештеници и калуѓерки. Тие им кажувале на родителите дека нивните деца умреле.
  • Има казна од 5 долари за кој било член на академијата Top Gun за цитирање на истоимениот филм.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар