Рајско уживање во „базенот на ѓаволот“

Ѓаволски добро пливање и рајски поглед, ви нуди бесконечниот природен базен на работ од Викториините водопади, на реката Замбези. Во периодот кога завршуваат сушите и реката е со најнизок водостој, овој природен луксуз е мета на илјадници туристи. Базенот е сместен на 103 метри височина и со право го добил името „Базенот на ѓаволот“. За да фрлите поглед надолу, треба да допливате до самиот раб и да се поткренете или качите на карпата која го заокружува.Рајско уживање во „базенот на ѓаволот“Рајско уживање во „базенот на ѓаволот“Водопадите се наоѓаат помеѓу африканските држави Замбија и Зимбабве. Патот до нив воопшто не е безбеден. Туристите одат на свој ризик, свесни дека лесно можат да настрадаат. По цена од 5 долари, тамошното население им нуди помош полесно да стигнат до базенот. Овие водопади се едни од најопасните во светот. Познати се и како „Чадот што грми“. Рајско уживање во „базенот на ѓаволот“Погледнете едно од многуте видеа снимени на оваа локација и објавени на Јутјуб.

Во продолжение, погледнете уште неколку фотографии направени од туристите, кои уживаат во малку повеќе адреналин. Ќе забележите дека и покрај ризикот, цели семејства одлучиле да го испробаат овој природен, бесконечен базен. Изгледа страшно, но и неверојатно возбудливо.
Рајско уживање во „базенот на ѓаволот“Рајско уживање во „базенот на ѓаволот“Рајско уживање во „базенот на ѓаволот“Рајско уживање во „базенот на ѓаволот“Рајско уживање во „базенот на ѓаволот“Рајско уживање во „базенот на ѓаволот“

Би се осмелиле ли и вие да му погледнете на ѓаволот право во очи? :-)


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

  1. Gordana Reply

    Majkooooo,kolku e najubavo na svet! Posebno za onie koi imaat strav od visocina, tamam ke go prebrodat stravot! 😀

Остави коментар