Рајот за читателите: Посетете го мирното гратче на книгите во Велс!

Хеј Он Вај (често само Хеј) е мал трговски град кој се наоѓа на брегот на реката Вај на границата помеѓу Велс и Англија. Овој град е познат по тоа што има преку 40 книжарници во кои можат да се купат евтини и користени книги. Освен книжарниците, насекаде низ градот има штандови полни со прекрасна литература. Градот исто така е домаќин на „Фестивалот на книгите“, кој Бил Клинтон во 2001 го прогласил за „Вудсток за умот“. Овој фестивал секоја година го посетуваат околу 80.000 писатели, издавачи и љубители на пишаниот збор од целиот свет.

0-rajot-za-chitatelite-posetete-go-mirnoto-gratche-na-knigite-vo-vels-kafepauza.mk

Сѐ започнало во 1961 кога Ричард Бут ја отворил својата прва половна книжарница во старата зграда на противпожарната служба. Книгите ги набавувал од Америка, а таму во тоа време книжарниците постојано се затварале. По некое време, во градот се отворени уште неколку книжарници, а веќе до 1970 Хеј станал познат како „градот на книгите“. Денес ова малечко гратче има околу 500.000 посетители годишно.

1-rajot-za-chitatelite-posetete-go-mirnoto-gratche-na-knigite-vo-vels-kafepauza.mk

Меѓу сите видови книжарници, најубави и најнеобични се т.н. „чесни книжари“ – тие се без продавач и се состојат само од полици и книги. Тоа функционира така што луѓето едноставно одбираат книга и оставаат пари во малите поштенски сандачиња.

2-rajot-za-chitatelite-posetete-go-mirnoto-gratche-na-knigite-vo-vels-kafepauza.mk3-rajot-za-chitatelite-posetete-go-mirnoto-gratche-na-knigite-vo-vels-kafepauza.mk

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзин начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар