Работливо мајмунче мие садови

Автор: Весна Јовановска

Цивилизираниот мајмун Пит кој се наоѓа во засолниште за примати во Боливија знае да мие садови. Оваа несекојдневна особина тој ја научил од Луис Думас од Париз, кој неколку години работел во засолништето, како дел од мисијата за повторно враќање на мајмуните во дивината.

Работливо мајмунче мие садови

„Пит ме набљудуваше додека мијам садови и по неколку дена почна совршено да ме имитира во тоа“, вели Луис.

Покрај тоа што е вреден, Пит е и особено грижлив мајмун. Додека ги мие садовите, тој на својот грб ја носи и малечката Пеи. Иако таа не е негова ќерка, тој сепак, се однесува заштитнички  кон неа.

„Пит е тешко повреден, тоа се забележува на неговиот изглед, па затоа нема многу среќа со дамите. Најверојатно, овие работи го натерале да се насочи кон грижа за младите мајмунчиња“, коментира Луис.

„Месеците поминати со мајмуните се најмагичното време во мојот живот“, додава тој.

Погледнете го видеото, кое иако е снимено поодамна, одлично ги прикажува човечките вештини на овој мајмун.

Ваквите потези на мајмуните и не се веќе толку чудни. Се сеќавате на орангутанот што се брише со мокра крпа за да се излади?


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар