Работи од кои се срамиме кога сме во јавност

Секој од нас се посрамотува по 4 пати дневно – открива едно најново истражување. Помеѓу работите кои ни предизвикуваат црвенило на образите, спаѓаат заборавањето на нечие име, судир со уличната светилка и дамки од пот.

Сите се трудиме да изгледаме смирено и кул без оглед на тоа каде се наоѓаме, меѓутоа, работите ретко се одвиваат онака како што сме планирале.“ – изјавил портпаролот на компанијата „Ladbrokes“, која го нарачала ова истражување.

Работи од кои се срамиме кога сме во јавност

Погледнете ја листата со работи кои за многу луѓе претставуваат непријатност:

1. Заборавање на нечие име во ситуација кога сакате да го претставите на вашите пријатели.

2. Сопнување и паѓање на сред улица.

3. Кога некому ќе му се обратите со погрешно име.

4. Кога забележувате дека имате дамки на облеката.

5. Кога на некој му мавтате и не ве забележува.

6. Кога после оброкот ви се заглавила храна меѓу забите.

7. Кога помислувате дека некој ви мавта вам, а всушност му мавтал на некој друг.

8. Кога доцните.

9. Кога заборавате каде сте се паркирале.

10. Кога случајно ќе подждригнете.

11. Кога ќе се изгубите.

12. Кога имате дамка од пот на облеката.

13. Кога зборувате за некој, а тој стои доволно близу за да може да ве слушне.

14. Кога случајно ќе испратите порака на погрешна личност.

15. Кога некој се обидува да влезе во тоалетот, додека сте вие во него.

16. Кога автомобилот ќе ви се изгаси на семафор.

17. Кога трчате по автобусот и на крај не успевате да го стигнете.

18. Кога ќе се опијаните на свадба.

19. Кога ќе заборавите дома некој важен документ.

20. Кога имате кармин на забите.

21. Кога ќе облечете нешто наопаку.

22. Кога случајно ќе се удрите во уличното светло.

23. Кога ќе паднете од велосипед.

24. Кога на лице ќе ви останат траги од мастило од пенкало.

25. Кога ќе се заглавите помеѓу подвижни врати.

26. Кога на социјалните мрежи по грешка ќе споделите нешто приватно со сите.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар