Работи кои ќе ги разберат само девојките кои постојано се дебелеат или слабеат

Работи кои ќе ги разберат само девојките кои постојано се дебелеат или слабеат

Некои жени цел живот се крупни и полни, други пак отсекогаш биле слаби, некои слаби се здебелуваат и остануваат дебели, а други ослабуваат и остануваат слаби. Сите тие пронаоѓаат некоја константа во она што се или она што станале. Но, некои жени цел живот варираат со својата тежина. Не станува збор за 5 килограми кои ќе ги ослабат, па повторно ќе ги вратат, туку за жени кои во некои периоди ја имаат својата нормална тежина, а во некои додаваат дури 20 килограми.

Постојат работи во врска со прифаќањето на сите свои варијации, кои нема да ги разберат оние кои не ја менуваат својата тежина на толкав драстичен начин.

1-raboti-koi-kje-gi-razberat-samo-devojkite-koi-postojano-se-debeleat-ili-slabeat-www.kafepauza.mk_

1. Минатата година бев витка цела година

Или беше предминатата? Ќе погледнам некои слики за да се потсетам. Зошто сега не изгледам толку многу добро? Па, сега не е време за тоа. Можеби следната година. Или понатаму.

2. Време е за фустаните од пред 5 години

Кога ќе ослабеме купуваме фармерки и ги вадиме од дното на гардероберот оние работи кои биле мерка за нашата виткост, а таму секогаш се наоѓаат некои блузи кои не сме ги носеле неколку години. И кога ќе ни станат тесни, ги пакуваме и се надеваме дека некогаш повторно ќе ги носиме, со сигурност. Но, сега е време да ги извадиме оние фустани од периодот кога бевме дебели. И тие се слатки и изгледаат како нови, а модата во меѓувреме завртила цел круг. Тоа е најинтересниот дел – кога вадиме од гардероберот нешто што неколку години стоело спакувано и неносено, исто како да сме го купиле сега. Ако имате големо искуство со варирање на својата тежина и сè уште чувате облека од средно, на забавата и нема крај.

3. Понекогаш сакаме да ги фрлиме работите кои не сме ги носеле 5 години

Да, потребно е да го фрлиме старото и да направиме место за ново, но ако еднаш сме згрешиле и сме ги исфрлиле сите „дебели“ работи додека сме биле слаби, па потоа сме морале да купуваме нова гардероба за два броја поголема, не би ја повторувале истата грешка по вторпат. Затоа, кога ќе решиме да ја задржиме витката фигура и додатно да се мотивираме со тоа што ќе се ослободиме од сите дебели работи кои сме ги носеле во претходните години, ќе ги спакуваме и ќе ги кренеме некаде, за да не стојат во гардероберот. Дури и онаа облека од најдебелиот период, ќе дојде повторно на ред. Ова не се нарекува саботажа, туку вистинско познавање на себе.

2-raboti-koi-kje-gi-razberat-samo-devojkite-koi-postojano-se-debeleat-ili-slabeat-www.kafepauza.mk_

4. Кога диетата не оди – не оди

Диетата не е наш начин на живот. Кога сме полни со волја и мотивираност, тогаш е вистинско уживање да се практикува некоја дисциплина и да се гледаат резултатите. Кога не оди, не сакаме да се мачиме и да се чувствуваме лошо. Премолчување на слабостите? Можеби. Но, можеби и мудрост.

5. Се сакаме себеси во сите фази на дебелеење и слабеење

Добрата форма и следењето на модата не се наш императив. Повеќе сакаме да ни е удобно и добро да се чувствуваме. А можеме да се чувствуваме добро и удобно во сите периоди на дебелеење и слабеење. Опуштено и лежерно. Неодговорност? Можеби. Но, можеби е прифаќање на себеси во сите моменти.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар