Работи кои денешните деца никогаш нема да ги разберат

Денешните деца, благодарение на технологијата, се многу поштедени од разни секојдневни маки, но факт е дека за некои работи никогаш нема ни да дознаат. Колку и да се мачевме кога касетофонот ќе ни ја развлечеше лентата и кога чекавме да се поврземе на интернет за да посурфаме само еден час, сепак кон некои работи чувствуваме извесна носталгија. Нашите деца никогаш нема да почувствуваат…

Young Boy (8-10) Sitting on a Couch Playing a Video Game

1. Какво е чувството да фотографирате и да не знаете како ќе испадне фотографијата.

2. Како е да си ја пеете песната што ја слушате читајќи ги стиховите од обвивката на цедето.

3. Каква е поврзаноста помеѓу моливот и аудио касетата.

4. Како изгледаше пребарувањето на Гугл во наше време – барање во енциклопедија.

5. Колку беше фрустрирачки да ја чекаш омилената песна на радио за да можеш да ја снимиш од почеток со цел понатаму да ја слушаш кога сакаш.

6. Колку беше депресивно кога ќе ви се потрошеа батериите на вокменот во неработен ден.

7. Какво восхитување чувствувавме кога ќе појдевме во видеотека и ќе видевме дека дошле нови филмови, кои сè уште не се изнајмени.

8. Колку живци сме губеле додека сме чекале да се поврземе на интернет со дајл-ап конекција.

9. Кое чувство на страв сме го имале кога професорот во школо ќе нè фател дека разменуваме пораки напишани на хартија и ќе нè натерал да ги прочитаме на глас.

10. Како е со некој да се договориш дека ќе се најдеш во 8 во град и потоа сфатиш дека ќе доцниш, а не можеш никако да му се јавиш да го известиш.

11. Да се јавиш дома од трафика за да кажеш дека покасно ќе се вратиш после школо.

12. Какво е чувството кога ставаш VHS касета во видеорекордерот.

13. Колку сме скубеле коса кога дискетата ќе ни се заглавела во компјутерот или не сакала да се вчита.

14. Дека постоеше време кога на MTV се пушташе само вистинска музика.

15. Како е да се јавиш на телефон, а да не знаеш кој е.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар