Пустинскиот Менхетн во Јемен

Пустинскиот Менхетн во Јемен

Градот Шибам кој се наоѓа во централно-западниот дел на областа Хадрамаут во Јемен е надалеку познат по своите облакодери изградени со помош на цигли од кал. Овој мал град се состои од 500 згради, кои имаат од 5 до 11 ката, а некои од нив достигнуваат висина од 31 метар. Токму затоа градот е познат и како „Менхетн на пустината“.Пустинскиот Менхетн во ЈеменШибам е често нарекуван „Најстариот град во кој има облакодери“ и е еден од најстарите и најдобри примери за урбано проектирање, базирано на вертикална градба. Градот е основан во третиот век, но најголемиот дел од овие куќи датираат од 16-тиот век.Пустинскиот Менхетн во ЈеменПустинскиот Менхетн во ЈеменГенерално, најдолниот кат од куќите, кој нема прозори се користи за складирање жито. Вториот кат е просторот каде што се собираат мажите за да се социјализираат, додека третиот или четвртиот кат е најчесто резервиран за жените. Најгорните катови се за собири на целото семејство.Пустинскиот Менхетн во ЈеменПустинскиот Менхетн во ЈеменСо текот на годините куќите морале да се градат одново, бидејќи дождот и ерозијата се постојана закана за нив. Токму затоа мештаните мораат постојано да внимаваат на фасадите и крововите, за да не настане поголема штета. Градот е заштитен од страна на УНЕСКО од 1982 година.Пустинскиот Менхетн во ЈеменПустинскиот Менхетн во ЈеменПустинскиот Менхетн во Јемен


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар