Психотест на Пауло Коејло: 3 прашања кои покажуваат дали треба да се плашите од деменција

Вежбите за мозокот се подеднакво важни како и вежбите за мускулите. На блогот на познатиот автор Пауло Коејло се појави годишен тест за утврдување на рани знаци на деменција кој се состои од само три прашања.

psihotest-na-paulo-koejlo-3-prashanja-koi-pokazhuvaat-dali-treba-da-se-plashite-od-demencija-kafepauza.mk

Решете го и дознајте како сте. Немојте да читате однапред, туку одговорете на едно прашање, па преминете на друго. Бидете искрени, опуштете си и почнете.

1. Што ставате во тостерот?

Ако сте одговориле со „тост“, не продолжувајте со тестот, правете нешто друго, и внимавајте да не се повредите.

2. На англиски јазик, „свила“ e „silk“.

Изговорете го овој збор пет пат. Кога тоа ќе го направите, спелувајте го зборот (ес-ај-ел-кеј). Како гласи на англиски јазик зборот за она што го пијат кравите?

Ако сте одговориле со „млеко“ вие сте под голем стрес, продолжете со тестов покасно.

3. Без калкулатор одговорете на следново прашање:

Возите автобус од Лондон до Милфорд Хејвен во Велс. 17 луѓе влегле во автобусот во Лондон.

Во Ридинг, шестмина излегле, а деветмина влегле во автобусот.

Во Свиндон, двајца излегле, а четворица влегле во автобусот.

Во Кардиф, 11 луѓе излегле, а 16 влегле.

Во Свонси, тројца излегле, а пет влегле во автобусот.

Во Кармартен, шест луѓе излегле, а тројца влегле во автобусот.

Стигнувате во Милфор Хејвен.

Одговорете, колку е стар возачот на автобусот?

Скоро 95% од луѓето не дале точен одговор на прашањата од овој тест.

Проверете дали вие сте во тие 5% кои одговориле точно на сите прашања.

  • Резултати

    1. Точниот одговор е леб.

    2. Одговорот е вода. Кравите пијат вода. Ни даваат млеко, но пијат вода, не може сè да биде млеко!

    3. Дали е возможно? Зарем навистина не знаете колку години имате? Вие сте возачот на автобусот!

За авторот
Верува во луѓето и сака да ги разбира. Музиката – страст, кафето – љубов. Позитивна личност и ја гледа добрата страна и во најлошите работи. Невозможното е возможно кога ќе се открие вистинскиот пат.

Поврзани содржини

  1. Баже Reply

    Зашто инаку телињата не пијат млеко… Кравите млекото само за нас луѓето го даваат.

Остави коментар