Психолошки тест кој може да ви открие дали сте психопати

Сигурно се прашувате дали психопатијата може да биде препознаена? Дали се јавува како последица на генетските предиспозиции, или, пак, на општественото опкружување? Кога ќе се спомене зборот „психопат“ многумина веднаш го поврзуваат со Ханибал Лектор, ликот од познатиот филм „Кога јагнињата ќе стивнат“. Но, факт е дека таа дефиниција за психопат е малку преувеличена. Имено, се смета дека главните одлики на психопатите се недостаток на емпатија, чувство на вина и каење, како и импулсивност.

Психолошки тест кој може да ви открие дали сте психопати

Доктор Даниел Бодузек од Универзитетот во Хадерсфилд се фокусирал на одредена одлика која доминира кај психопатите, а многу често се занемарува. Станува збор за егоцентризмот. Тој спровел истражување во полскиот затвор и ги испитал одговорите на 1.800 затвореници на одредени изјави. За таа цел, тој ја создал скалата на психопатски карактерни особини која му помогнала да го одреди нивото на психопатија кај секој затвореник. Тој им покажал 20 реченици, а затворениците требало да кажат колку се согласуваат со секоја од нив. Во продолжение прочитајте за кои реченици се работи…

1. Не ми е гајле ако вознемирам некого за да го добијам она што го сакам.

2. Пред да критикувам некого, се обидувам да замислам и разберам како тие би се чувствувале.

3. Знам како да направам некој да се чувствува виновно.

4. Повеќе се фокусирам на сопствените мисли и идеи отколку на туѓиот начин на размислување.

5. Не се грижам за чувствата на другите луѓе.

6. Секогаш се обидувам да ги земам предвид туѓите чувства пред да направам нешто.

7. Знам како со помош на комплименти да го добијам она што го сакам.

8. Обично не го ценам туѓиот начин на размислување ако не се согласувам со него.

9. Не се вознемирувам кога некој плаче.

10. Добро знам да предвидам како се чувствуваат луѓето.

(2) psiholoshki-test-koj-mozhe-da-vi-otkrie-dali-ste-psihopati-kafepauza.mk

11. Знам како да предизвикам чувства на болка за да ме сожалуваат луѓето.

12. Генерално, им помагам на луѓето само ако на тој начин извлечам некоја корист и за себе.

13. Емотивно ги доживувам проблемите на моите пријатели.

14. Лесно можам да забележам кога некој се чувствува чудно и непријатно.

15. Понекогаш ги провоцирам луѓето за да ја видам нивната реакција.

16. Верувам во мотото: „Око за око, заб за заб“.

17. Се растажувам кога луѓето зборуваат за смртта на нивните сакани.

18. Тешко ми е да разберам како се чувствуваат другите луѓе.

19. Понекогаш им го кажувам на луѓето она што сакаат да го слушнат, за да добијам нешто од нив.

20. Во човечката природа е луѓето да бидат мотивирани од нивниот личен интерес.

Колку повеќе егоизам покажале затворениците во нивните одговори, толку поголеми психопати биле. И покрај тоа што Бодузек го извршил истражувањето на затвореници, тој тврди дека овој тест може да се примени кај секого, без оглед на возраста, потеклото и криминалната историја.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар