Психолошки тест: Дали сте надарени?

Овој интересен тест ќе ви покаже дали сте „шарена зебра“, односно дали на некој начин се издвојувате од останатите луѓе. Сè што треба да направите е да ги прочитате внимателно следниве тврдења и да одговорите со „да“ или „не“.

Психолошки тест: Дали сте надарени?

1. Поседувам огромно знаење во одредени области.

2. Имам многу богат речник.

3. Начинот на изразување ми е јасен, а говорот течен.

4. Многу брзо помнам факти и детали.

5. Многу брзо можам да ја сфатам причинско – последичната врска.

6. Барам заеднички карактеристики, како и разлики.

7. Брзо ги препознавам основните принципи.

8. Многу брзо можам да направам точна генерализација.

9. Имам способност за добро набљудување.

10. Читам многу и често истовремено за многу различни теми.

11. Поседувам критичко и независно размислување.

12. Се посветувам на детално решавање на проблемот доколку сум соодветно мотивиран/а.

13. Секогаш сакам целосно да ги решавам сите задачи.

14. Рутинската работа ми е здодевна.

15. Барам совршенство.

16. Самокритичен/самокритична сум.

17. Често се сомневам во себе.

18. За да можам добро да размислувам за проблемите, попрво би работел/а сам/а, независно од другите.

19. Си поставувам високи цели и тежнеам кон перфекционизам.

20. Се интересирам за теми поврзани со правдата и праведноста, за она што е правилно и неправилно.

21. Имам изразена свесност за морал и вредности.

22. Јас сум многу индивидуална и посебна личност.

23. Ги испитувам размислувањата на авторитетите пред да ги прифатам.

24. Прифаќам одговорност.

25. Во планирањето и организацијата сум сигурна личност на која можат другите да се потпрат.

26. Во потрага сум по луѓе слични на мене.

27. Се соживувам со другите, имам високо ниво на емпатија.

28. Нивото на енергија ми е високо на сите полиња.

29. Размислувам во слики.

 

  • Решение:

    Доколку повеќето одговори ви се „да“, тогаш постои голема шанса дека вие сте „шарената зебра“. Колку повеќе потврдни одговори имате, толку понагласени се овие ваши карактеристики. Според авторката на овој тест, Ен Хејнтс, „шарени зебри“ се луѓе кои се високо интелигентни, премногу чувствителни, имаат многу таленти и ги интересираат многу нешта.

    Најчесто овие луѓе се запрашуваат зошто се различни, а оние околу нив ги сметаат за чудни бидејќи тие на некој начин се издвојуваат од толпата. Токму затоа тие никогаш не знаат каде припаѓаат и воопшто не им е лесно да живеат со оние од кои толку се разликуваат. Колку се тие поразлични, толку потешко другите ги прифаќаат.

    Што да направите ако и вие сте „шарена зебра“?

    Најпрво треба да се прифатите себе и својата различност и да гледате на своите особини како подарок. Потоа обидете се да ги откриете сите ваши таленти со цел да ги реализирате. Доколку имате различни интересирања, можете да правите повеќе нешта истовремено. Во оние моменти кога имате проблеми со околината, не се грижете. Едноставно знајте си дека вие сте „шарената зебра“ – креативна личност, со многу нови идеи кои се клучни за развојот на луѓето и дека треба да ја примените оваа ваша особина конструктивно со цел да направите некаква промена. На светот му се потребни повеќе луѓе како вас!


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар