Психолошката причина зошто некои луѓе плачат после секс

Според едно истражување од 2015 година, објавено во списанието „Сексуална медицина“ (Sexual Medicine), плачењето после секс, познато како посткоитална дисфорија (PCD), е многу почесто одошто мислите, особено кај жените во 20-тите години.

Психолошката причина зошто некои луѓе плачат после секс

Резултатите од истражувањето покажале дека 46% од испитаниците плачеле барем еднаш после секс, додека 5% од нив се чувствувале несреќно неколку пати по сексуалниот однос во период од 4 недели.

Секс терапевтот, Иан Кернер, открил дека причината за појава на PCD е хемиски заснована.

„Особено кај жените, сексот и оргазмот го ослободуваат хормонот окситоцин што предизвикува приврзаност. Но, кога станува збор за повеќе различни случајни сексуални средби, може да дојде до раскинување на врската помеѓу хемикалиите што создаваат приврзаност и реалната ситуација. Доколку секогаш се карате, имате секс, па потоа ги решавате проблемите, сексот може да биде одличен, но потоа ќе сфатите дека сѐ уште не сте се поврзале или дека сѐ уште сте лути“, објаснил Кернер.

Исто така, плачењето после секс може да е последица на проблемите што ги имате во врската со вашиот партнер, иако сексот е една од најчестите работи за кои се караат паровите. Потребно е да се спроведат уште истражувања на оваа тема, доколку многу често се соочувате со овој проблем, најдобро е да побарате стручна помош.

Во продолжение, прочитајте за 3-те нешта кои мора да ги прави секоја жена после секс.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар