Психолошка вежба: Каква тајна крие вашето држење на телото?

Психолошка вежба: Каква тајна крие вашето држење на телото?

Нашето држење на телото ни говори многу за нашите внатрешни процеси. Со цел да се приближите до вашиот внатрешен свет, вие можете да ја направите оваа вежба чија задача е визуелизација на она дрво кое мислите дека најдобро би ве претставило.

Психолошка вежба: Каква тајна крие вашето држење на телото?

Затворете ги очите и опуштете се, а потоа обидете се да замислите пред вас дрво. Првото дрво кое ќе ви се појави во мислите е токму она на кое вие најверојатно наликувате. Во него можете да ги видите вашите животни шаблони, како и да најдете поврзаност помеѓу изгледот и квалитетот на дрвото со вашите моментални животни ситуации.

Додека го анализирате дрвото во вашите мисли, обидете се да откриете и дали сте вкоренети. Доколку имате корен, колку е тој плиток или длабок? Дали сте доволно вкоренети за да се издигнете високо кон небото или пак, недостатокот на длабочина ве спречува во оваа цел? Исто така обрнете внимание и на крошната, дали таа е бујна или не. Крошната го претставува вашето его. Од флексибилноста и цврстината на дрвото можете да откриете колку и вие ги поседувате овие карактеристики како и да го препознаете вашиот начин на решавање проблеми – со отпор или со прилагодување.

Во животното стебло можете да ја забележите и вашата психолошка флексибилност. Тенкото стебло, кое лесно се витка значи дека поседувате способност за прилагодување, додека пак, моќното и дебело стебло покажува тврдост и ригидност. Тоа ќе му пркоси на ветрот и колку е тој посилен, толку поголем отпор ќе прави стеблото. Но, како и со сите други вакви ситуации, тоа некаде ќе попушти и ќе пукне. Стеблото кое може да се витка, без разлика на колку силен ветер е изложено, нема да прави толку голем отпор. Ако треба ќе се спушти и до земјата, но нема да пукне. Оваа флексибилност го штити од сериозни повреди.

Во оваа вежба нема правилен или погрешен одговор. Секое дрво си има свој начин на опстанок и ќе го задржи своето место онолку долго колку што ќе може да се прилагоди на условите од околината.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар