Психолог објаснува зошто не постои „машки“ и „женски“ мозок

Во ова истражување е искористена технологијата наречена дифузија со сензорски слики со која се моделира структурната поврзаност на мозоците на речиси илјадници млади луѓе, на возраст од 8 до 22 години. Пронајдоците укажуваат дека машките мозоци се создадени да ги поврзуваат перцепцијата и координираната акција, додека женските мозоци се дизајнирани да ја олеснат комуникацијата помеѓу аналитичките и интуитивните процеси.

Но, истражувачите испуштиле една важна можност – резултатите имаат повеќе врска со големината на мозокот отколку со полот. Во просек, машкиот мозок е поголем од женскиот. Поголемите мозоци на различен начин ја намалуваат потребата од енергија и можеби постојат физички причини за разликите на мозоците. Исто така, мислењето дека женскиот мозок е способен за помнење разговори и за социјални вештини, а дека машкиот мозок е подобар за читање мапи, може да биде грешно.

Во поголемо неодамнешно истражување се покажало дека речиси сите разлики во мозокот во зависност од полот се многу мали. Дури и „најпознатите“ разлики биле толку мали, што случајно избрано момче би покажало подобри резултати во социјални вештини отколку девојка.

Друго нешто што научниците го испуштиле во истражувањето е искуството на испитаниците. Полот на личноста може многу да влијае на нејзините искуства (вклучувајќи социјални, материјални, физички и ментални). Секое искуство остава разни невролошки траги. Сепак, научниците не обрнале внимание на искуствата на половите, како што се хобија, предмети кои се изучуваат на училиште или факултет, ниту пак учествување во спортски активности.

Овој недостаток има две последици. Прво, истражувачите ја испуштиле можноста да истражат дали половите искуства може да влијаат на развојот на мозокот и да ги подобрат вештините кои им се потребни на сите. Втората последица е тоа што без разгледување на половите социјални влијанија, авторите гарантираат дека нема да има информации кои го предизвикуваат тврдењето за машки/женски мозок.

Кога истражувачите ги користат само половите стереотипи кои не се научно поддржани тие не забележуваат потенцијални стратегии за истражување. Научниците кои ги истражуваат половите разлики треба да внимаваат на влијанието кое го има мислењето на широката маса на нивните истражувања. Истражувањата во кои се користат стереотипи може да донесат неточни заклучоци од областа на невронауката.

Погледнете и дали навистина нашиот мозок има предиспозиција да им помага на другите.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар