Првото нешто што ќе ви падне во очи на оваа слика открива што се крие во вашата душа

Првото нешто што ќе ви падне во очи на оваа слика открива што се крие во вашата душа

Сите ние сме направени од ѕвездена прашина. Нашата сенка е зенит на нашата космичка моќ и вистинската тајна сила. Во психологијата, сенката е дел од личноста што свесното „јас“ не го прифаќа, па можеби дури и се срами од него. Па, доколку сакате да откриете што се крие во вашата сенка, како и во вашата душа, само погледнете ја сликата и забележете што прво ќе ви падне во очи. Дали сте доволно храбри да ѕирнете подлабоко во себе?

1. Мечка

Вас ве води срцето. Уште откако сте биле млади сте чувствувале сила во вашето срце на која ѝ нема крај.

Мечката е знак за вашата целосна внатрешна сила. Вашата сенка ве контролира и ве турка напред во животот. Кога таа ќе се зајакне, вие ќе почувствувате растење на енергијата што ве потсетува да делувате. Останува на вас да одредите дали оваа енергија ќе биде корисна или штетна, но никако не се обидувајте да се борите против неа.

Вие сте сила на која целиот свет смета. За да можете да ја контролирате оваа енергија, фокусирајте се на медитација бидејќи така ќе научите да се приземјите. Можете да правите неверојатни нешта, ако гледате од вистинската перспектива кон светот.

2. Планина

Вас ве водат мислите. Постојано работите на својот развој, а тоа значи дека сте фокусирани, детални и паметни.

Планините претставуваат алхемија, а вие сте алхемичарот. Не се плашите од искушенијата за да можете да стигнете до врвот, но знаете дека тоа е осамено место. Затоа и мора да научите како да си го отворите срцето.

Не морате постојано да работите напорно. Одвојте малку време за себе, како и за вашите пријатели семејството. Рамнотежата ќе ве одржува фокусирани и сконцентирани. Порано или подоцна ќе научите дека вашата сила не е на врвот на планината, туку дека веќе ја носите во вашето срце. Вашата душа е прекрасна, дозволете им и на другите да ја видат!

3. Дрво

Вас ве вод вашиот дух. Вие сте многу подруштвени одошто признавате.

Вашата сенка е слична на шума каде што стеблата на сите дрвја се поврзани преку нивните корени. Дрвјата меѓусебно разговараат, па затоа и вие треба да престанете да се плашите да зборувате. Поврзете се со другите луѓе во корен.

Сите ние сме поврзани со нашата планета, па затоа одвреме-навреме ни е потребно да излеземе во природата за да си ја вратиме рамнотежата. Луѓето како вас се често повредувани, но не смеете да дозволите тоа да ве спречи да го живеете животот во целост. Бидете храбри и искажете си ги емоциите. Колку повеќе се криете од светот, толку повеќе тој ќе ве обземе.

4. Месечина

Вас ве водат вашите сништа. Вие дефинитивно не сте од овој свет.

Вие имате магична аура на која луѓето не можат да ѝ одолеат. Ги знаете патиштата на универзумот и многу различно гледате на нештата и односите со луѓето. Чувствувате како да ве води некоја невидлива сила што ви носи мир во животот.

Бидете свесни за оваа сила за да можете да продолжите со вашата потрага по смисла. Бидете поврзани со онолку луѓе колку што ви е потребно за да ја одржувате рамнотежата во животот.

Расположени за уште еден тест? Дали на цртежов гледате јајце или компир? Откако ќе имате одговор, кликнете на него за да дознаете нешто повеќе за себе…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. Даница Цветковска Reply

    „Вам ве води срцето…“-правилно е:
    Вас ве води срцето…!

Остави коментар