Прво наспроти второ дете: 10 разлики во воспитувањето што родителите никогаш нема да ги признаат

За првото дете родителите имаат енергија и надеж, а се посветени и на идејата дека сѐ мора да направат да биде совршено. Меѓутоа, потоа го добиваат и второто дете и сфаќаат дека некои работи може да претрпат и промени. Погледнете ги овие 10 споредби помеѓу првото и второто дете кои ќе предизвикаат насмевка кај родителите, кои пак ќе се пронајдат во барем еден од наведените примери.

Прво наспроти второ дете: 10 работи за одгледувањето деца што родителите не се осмелуваат да ги изговорат

1. Храна

Прво дете: Свежо подготвено овошје, зеленчук, готвени јадења, мени каде што не постои место за брза храна. Барем до моментот кога вие не гледате, а некој од вашите блиски ќе му подаде нешто за грицкање.

Второ Дете: Остатоци од ручекот, смоки, сендвичи, сок…

2. Облека

Прво дете: Облека од стопроцентен памук, докажани производители.

Второ дете: Веќе носена облека од постариот брат или постарата сестра.

3. Бањање

Прво дете: Секоја вечер во бања со соодветна големина, со најдобриот природен гел наменет за бебиња.

Второ дете: Два пати неделно. Останатите денови делумно миење или можеби туширање.

4. Рутина на заспивање

Прво дете: Покриено со омиленото детско ќебе, приспивна песна и заспивање секоја вечер во исто време. Строго почитување на правилата, затоа што тоа им овозможува сигурност на децата.

Второ дете: Заспива со шише или цуцла во устата, на каучот, во 10 часот навечер.

5. Пријатели

Прво дете: Организирани средби, договори со мајките од паркот за идни дружења.

Второ дете: Пријателите на постариот брат или постарата сестра.

Прво наспроти второ дете: 10 работи за одгледувањето деца што родителите не се осмелуваат да ги изговорат

6. Играчки

Прво дете: Дрвени играчки, со врвен квалитет со потекло од земјите во Европската Унија.

Второ дете: Играчка автомобил произведена во Кина, важно е да има нешто негово и ново.

7. Правила за телевизорот

Прво дете: Само програми за деца, ограничено време во денот.

Второ дете: На две и пол години има свој таблет, знае како да гледа фотографии на мобилниот телефон и долгометражни цртани филмови.

8. Обувки

Прво дете: Врвен квалитет со европски потпис, цената не е пресудна.

Второ дете: Неименувани марки и обувки од постариот брат или постарата сестра.

9. Тетка која го чува

Прво дете: Драгата сосетка која ќе ја цените и сакате до крајот на животот. Онаа која го носела во парк на утринска и попладневна прошетка и заедно си играле.

Второ дете: Никој. И онака родителите не излегуваат премногу често.

10. Фотографии

Прво дете: Фотографии од првиот заб, првиот оброк, првите чекори, првото излегување надвор.

Второ дете: Какви било фотографии.

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар