Првите подвизи во вселенското патување и истражување

Со лансирањето на Спутник во 1957 година започна модерната вселенска ера. Од историското слетување на месечината, изведени се уште многу неверојатни вселенски подвизи, а сигурно ќе сведочиме на уште повеќе. Можеби вселенската трка помеѓу САД и Советскиот сојуз е завршена, но тоа не значи дека научниците престанале да истражуваат. Погледнете некои од најпознатите први подвизи во оваа област.

(7)prvite-podvizi-vo-vselenskoto-patuvanje-i-istrazhuvanje-kafepauza.mk

1957: Првиот сателит во орбитата на Земјата

На 4-ти октомври, 1957 година, Советскиот сојуз го лансираше Спутник, првиот вештачки сателит. Ова го означи почетокот на вселенската трка помеѓу САД и Советскиот сојуз.

(1)prvite-podvizi-vo-vselenskoto-patuvanje-i-istrazhuvanje-kafepauza.mk

1957: Првото животно во вселената

Првото животно кое е лансирано во вселената е кучето од Русија, Лајка. Таа преживеала 7 дена во Спутник II, докажувајќи дека живите суштества можат да преживеат во вселената. За жал, немало начин да ја вратат на Земјата, па Лајка е и првото животно кое умрело во вселената.

1961: Првиот човек во вселената

Јури Гагарин стана првиот човек кој бил во вселената на 12-ти април, 1961 година. При влегувањето назад во атмосферата имало некои проблеми, па Гагарин излегол од Восток 1 и слетал со падобран.

1961: Првиот Американец во вселената

Алан Шепард направил лет од 15 минути со леталото Фридом 7 на 5-ти мај, 1961 година. Три недели подоцна, претседателот Џон Ф. Кенеди се заколнал дека ќе испрати луѓе до месечината и назад до крајот на 60-тите години.

1961: Првиот човек кој поминал повеќе од еден ден во вселената

Герман Титов е првиот човек кој престојувал во вселената подолго од еден ден. Како дел од мисијата на Восток 2 во 1961 година, тој бил првиот човек кој преспал во вселената.

1962: Првиот Американец кој ја обиколил Земјата

Џон Глен ја обиколил Земјата 3 пати, и тоа за 4 часа и 56 минути, на 20-ти февруари, 1962 година.

1963: Првата жена во вселената

Валентина Терешкова била испратена во вселената од страна на Советскиот сојуз на 16-ти јуни, 1963, со леталото Восток 6. Таа поминала 3 дена сама во вселената.

(2)prvite-podvizi-vo-vselenskoto-patuvanje-i-istrazhuvanje-kafepauza.mk

1965: Првата вселенска прошетка

Космонаутот Алексеј Леонов ја направил првата вселенска прошетка на 18-ти март, 1965 година. Тој бил закачен за леталото Воскод 2 и бил надвор од него 10 минути.

1967: Првата смрт во вселената

Космонаутот Владимир Комаров загинал на 24-ти април, 1967 година, кога леталото Сојуз 2 се срушило додека влегувало во атмосферата.

1969: Прва размена на екипаж во вселената

Првата размена на екипаж се случила во 1969 година помеѓу леталата Сојуз 4 и Сојуз 5.

1969: Првиот човек на месечината

Како ветување на Кенеди, Нил Армстронг е првиот човек кој стапнал на месечината, на 20-ти јули, 1969 година. Милиони луѓе го следеле овој историски настан во живо на телевизија. И како што рекол Нил:

„Ова е мал чекор за човекот, но голем скок за човештвото.“

(3)prvite-podvizi-vo-vselenskoto-patuvanje-i-istrazhuvanje-kafepauza.mk

1970: Првото вселенско спасување

Во 1970 година, откако експлодирала боца со кислород на Аполо 13, Контролата на мисијата им помогнала на астронаутите безбедно да се вратат на Земјата после 4 дена. Приказната е раскажана и во книгата на командантот на мисијата, Хим Ловел, „Изгубена месечина“ (Lost Moon), и во филм од 1995 година – Аполо 13 (Apollo 13).

Продолжува на следната страница

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар