Прв впечаток: 5 ситници кои даваат негативна слика за вас

Прв впечаток: 5 ситници кои даваат негативна слика за вас

Кога планирате да одите на интервју за работа, бизнис состанок или на некоја друга средба каде што треба да оставите добар впечаток, размислете малку и за својот изглед и однесување бидејќи тие можат многу да откријат за вашиот карактер уште пред да почнете да зборувате.

Прв впечаток: 5 ситници кои даваат негативна слика за вас

Ова се 5-те ситници кои можат да дадат негативна слика за вас:

1. Згужвана облека

Физичкиот изглед го дава првиот впечаток за личноста која ја запознавате, а згужваната кошула, здолниште или пантолони никако не одат во ваша корист. Имено, експертите објаснуваат дека овој изглед дава слика на незаинтересираност, несмасност и мрзливост.

2. Валкани чевли

Чевлите се многу важни кога сакате да оставите добар прв впечаток. Тие не мора да бидат нови, но пожелно е да се уредни и уште поважно, чисти. Валканите и запуштени чевли даваат слика на индиферентност и недостаток на ентузијазам.

3. Џвакање

Гумите за џвакање за едни претставуваат навика, за други ослободување од стресот, додека трети сакаат да ја задржат свежината на здивот. Иако причините се наивни и не го откриваат вашиот вистински карактер, експертите за невербална комуникација џвакањето го сметаат за многу несериозно, а во некои случаи и за непристојно.

4. Мирис

Иако сите ги сакаме своите омилени парфеми, докажано е дека тие можат да предизвикаат мачнина, па дури и главоболка кај чувствителните луѓе. Токму поради тоа, интензивните и слатки парфеми можат да ве опишат како неодговорна личност која не се грижи за другите. Истото важи и за облеката која ја примила миризбата на влага или чадот од цигари.

5. Шминка и фризура

Да се дотерате за состанок од каква било природа е одличен потег доколку сакате да оставите добар впечаток. Но, како и со сѐ друго во животот така и со дотерувањето треба да се биде умерен. Нападната и тешка шминка, како и свечената и нагласена фризура, никако не се добар избор, бидејќи можат да остават впечаток на несигурност и дволичност.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар