Со помош на овој тест проверете дали при учењето сте точно ориентирани кон вашата цел

Има разлика од едно учење до друго. За да дознаете дали сте ориентирани точно кон вашата цел при учењето, одговорете со ДА или НЕ на овие 12 кратки прашања. Запишете ги вашите одговори на лист хартија и на крај проверете ги резултатите.

Проверете дали при учењето сте точно ориентирани кон вашата цел, со помош на овој тест

1. Дали ги имате запишано своите цели од учењето?

2. Дали вашите цели почнуваат со збор кој означува некој резултат (да научите, да положите испит, да постигнете нешто…)?

3. Дали вашата постигната цел произведува клучен резултат?

4. Дали вашата цел може да се измери?

5. Дали вашата цел се вклопува со вашите активности?

6. Дали вашата цел е реална и остварлива со одреден напор?

7. Дали вашата цел е во согласност со вашите планови?

8. Дали за остварување на целта ги имате обезбедено потребните ресурси (време, материјали, амбиент…)?

9. Кога ќе ја остварите целта, дали со тоа ќе се оправдаат вложените средства?

10. Дали сте задоволни со тоа како ги формулиравте вашите цели?

11. Дали ви се јасни користите кои ќе ги добиете од остварувањето на целите?

12. Дали имате направено календар за следење и оценување на остварените цели?

Откако ги запишавте вашите одговори, избројте на колку од нив имате дадено потврден одговор, па резултатите погледнете ги во продолжение.

  • Од 10 до 12 потврдни одговори

    Секогаш знаете што треба да направите и што се очекува од вас.
  • Од 7 до 9 потврдни одговори

    Немате добар распоред на вашите приоритети. Предност им давате на целите и активностите кои ги преферирате.
  • Од 4 до 6 потврдни одговори

    Вие имате конфузии и забуни при формулирањето на вашите цели. Советувајте се со оние кои се успешни во поставување и остварување на своите цели.
  • Од 0 до 3 потврдни одговори

    Вие не можете да се снајдете и не знаете што треба да правите.
За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар