Прошетка низ шармантниот Истанбул

Автор на текст и фотографија: Петар Петковски

Истанбул е вториот најголем град во Европа и осмиот по големина во светот со 14 милиони жители. Ова е еден од најживописните градови на планетата, а многумина го нарекуваат и „Главниот град на светот“.

Прошетка низ шармантниот Истанбул

Од утро до мрак градот пулсира во еден своевиден организиран хаос, а реките од луѓе и автомобили никогаш не запираат. Секој нареден миг се воодушевувате од секој нов откриен агол на градот, заборавајќи на уморот од километрите поминати во пешачење низ тесните улички, живописните чаршии и тезгите со дрангулии. Хоризонтот е исполнет до бесконечност со џамии и цркви, дворци и кули, кои векови наназад ја прераскажуваат историјата на оваа територија, судирите помеѓу христијанството и муслиманството, спојот на Европа и Азија.

Без разлика дали сакате да се качите на траект и да „скокнете“ во Азија, да се восхитувате на најновата современа уметност во арт-музејот „Istanbul Modern“, да ги видете зашеметувачките византиски мозаици во црквата на Свети Спас, или пак да прошетате низ векови старата чаршија, Истанбул вреди да се посети, и е место каде што буквално, истокот се сретнува со западот.

Прошетка низ шармантниот Истанбул Прошетка низ шармантниот Истанбул Прошетка низ шармантниот Истанбул Прошетка низ шармантниот Истанбул Прошетка низ шармантниот Истанбул Прошетка низ шармантниот Истанбул Прошетка низ шармантниот Истанбул Прошетка низ шармантниот Истанбул Прошетка низ шармантниот Истанбул Прошетка низ шармантниот Истанбул Прошетка низ шармантниот Истанбул Прошетка низ шармантниот Истанбул Прошетка низ шармантниот Истанбул Прошетка низ шармантниот Истанбул Прошетка низ шармантниот Истанбул Прошетка низ шармантниот Истанбул Прошетка низ шармантниот Истанбул Прошетка низ шармантниот Истанбул Прошетка низ шармантниот Истанбул Прошетка низ шармантниот Истанбул

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Merve Reply

    Прекрасно.. 😀

  2. goran Reply

    okej e statijava, ama neznam od kaj ja izvadivte informacijata deka ima 15000000 ziteli i deka e vtor po golemina vo svet. ni ednoto ni drugoto ne e tocno. pozdrav

    • Ivana Reply

      Goran, vtor po golemina vo Evropa pisuva.

    • Кафе пауза Reply

      Благодариме за забелешката.

  3. kristina Reply

    ah Istanbul grad koj vo sekoe godishno vreme izgleda prekrasno….grad koj koga i da otidete ima shto da vi ponudi,grad koj nema shansa vo 4 dena da go razgledate, sekogash ostanuva neshto shto kje go ostavite za sleden pat, a sega koga gi gledam slikive mi se razbudija spomenite, koi ne se tolku dalecni…

Остави коментар