Пронајдени „изгубените“ фосили на Чарлс Дарвин

Пронајдени „изгубените“ фосили на Чарлс Дарвин

Британските научници откриле голем број фосили на најголемиот теоретичар за еволуцијата Чарлс Дарвин и неговите соработници, кои биле загубени повеќе од 150 години. Д-р Хауард Фалкон-Ланг, неодамна дал изјава за неговото ненадејно откритие на фосилни примероци кои се наоѓале во ќошот на дрвениот кабинет во Британскиот геолошки истражувачки центар.Пронајдени "изгубените" фосили на Чарлс ДарвинКористејќи мала ламбичка за да побара по фиоките, првиот примерок што го фатил д-р Ланг имал натпис обележан како ‘C. Darwin Esq”.

„Ми беше потребно некое време за да сфатам дека тоа е оригиналниот натпис на Дарвин. Примерокот беше премногу важен за да би можел да се занемари. Бев возбуден. Срцето ми беше во петиците и единствено што си помислив беше: Господе, што открив?“

Примерокот што го пронашол д-р Ланг припаѓа на збирка од околу 314 препарати со примероци кои биле колекционирани од Дарвин и неговите блиски соработници, меѓу кои и Џон Хукер – ботаничар и драг пријател на Дарвин и свештеникот Џон Хенслоу, кој му бил ментор на Дарвин во Кембриџ.

Првиот препарат извлечен од правливиот ќош бил примерок собран во тек на Дарвиновите патувања со бродот „Бигл“, кои му ја сменија кариерата на младиот научник во Кембриџ и се вградија во темелите на неговата работа поврзана со еволуцијата. Ланг изјавил дека од тие фосили, кои биле загубени 165 години, можат да се научат многу работи за историјата за кои досега се мислело дека се знае сè.Пронајдени "изгубените" фосили на Чарлс Дарвин

Да се најде ризница од изгубените Дарвинови примероци од походот со Бигл е извонредно чувство. Можат да се научат многу работи. Постојат голем број примероци за кои не сме знаеле дека постојат,“ изјавил Ланг.

Еден од најбизарните примероци, според него, е 400 милиони години старо дрво со големина на габа, кој потекнува од колекцијата на Хукер. Според Универзитетот Ројал Холовеј во Лондон, тој ја правел својата колекција додека работел во Британскиот геолошки истражувачки центар во 1846 година. Препаратите се „уметничко дело“, изработени на стакло за да можат да се набљудуваат под микроскоп. Тие содржат материјали од растенија кои се големи 15 сантиметри. Д-р Ланг вели дека е голема мистерија како може овие извонредни примероци да не биле забележани години наназад. Можна причина за ова можеби е фактот што во тој период Дарвин не ù бил познат на широката јавност со својата работа, па затоа и овие препарати не ја добиле заштитата која им е потребна.Пронајдени "изгубените" фосили на Чарлс ДарвинОд Ројал Холовеј во Лондон пак, велат дека примероците биле изгубени бидејќи Хукер не успеал прецизно да ги избори и селектира пред неговото заминување на експедицијата на Хималаите. Во 1851 година нерегистрирани фосили биле пренесени во Геолошкиот музеј во Пикадили, па потоа во 1935 година во Геолошкиот музеј на Јужен Кенсингтон, за на крај, 50 години подоцна да завршат во Музејот на Британскиот геолошки истражувачки центар во Нотингем. Откритието било во април минатата година и сите примероци се фотографирани и изложени во музејот. Ланг се надева дека ќе се изработат многу научни трудови врз база на неговото ненадејно откритие.

„Има премногу скапоцености во овие примероци кои ќе придонесат за тековната наука. После ова искуство, прашањето е: што сè се крие во нашите колекции?“ – изјавил д-р Ланг.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар