Пролет на Кожуф

На Кожуф му е доволна само една прошетка за да направи да ја засакате пролетта уште повеќе. Во времето кога се појавуваат првите горештини во нашата земја, оваа планина сè уште се бори да не ја испушти зимската свежина пред сè посилното сонце. Опремете со со удобни патики и крем за сончање и таа сигурно ќе ви даде доволно причини да се вратите назад по некое време.Пролет на Кожуф Пролет на КожуфИскачувањето по Кожуф од Гевгелија не е тешко. Оттаму до Ски-центарот Кожуф е изграден асфалтен пат кој овозможува релативно лесно возење нагоре. Теренот овде не е најголемиот проблем за возачот. Негов најголем предизвик е да го задржи погледот на патот пред себе кога планинските пејзажи ќе почнат да се редат еден по друг.Пролет на Кожуф Пролет на Кожуф Пролет на КожуфБргу ќе стигнете до викендичките на Смрдлива Вода кои ви кажуваат дека веќе сте се искачиле на надморска височина од околу 760 метри. Откако таму ќе ја направите првата пауза продолжувате со патувањето кое е проследено со истата живописност наоколу. А потоа, можете да застанете каде било и да продолжите пешки онаму каде што ве носи патот.Пролет на Кожуф Пролет на Кожуф Пролет на Кожуф Пролет на КожуфШтом заскитате по неговите падини, Кожуф ќе ве земе в прегратки и ве остава немоќни пред магијата што преку очите ќе ја вбризга во вас. Од една страна се издигнуваат преубави врвови кои предизвикуваат стравопочит со својата моќна појава, а од друга има панорамски поглед небаре гледате од небото надолу. Воодушевувањето кое го предизвикува кај вас ќе ви помогне да ги занемарите евентуалните тешкотии во качувањето и симнувањето на падините.Пролет на Кожуф Пролет на КожуфСе чувствува дека природата веќе некое време е разбудена. Снегот на некои места сè уште не е целосно растопен, но веќе не успева да ги покрие цвеќињата. Се слуша бучава од помали или поголеми потоци, а тивкиот ветар носи свежина карактеристична за планините. Тоа може да ве излаже дека не е премногу топло, но морате да бидете внимателни со силното сонце. Не се чувствува дека многу пече, но кремот за сончање е задолжителен ако сакате да се заштитите од изгореници. Избегнете ја оваа непријатност и нетрпеливо ќе правите планови за следното доаѓање на Кожуф.Пролет на Кожуф Пролет на Кожуф Пролет на Кожуф Пролет на Кожуф Пролет на Кожуф Пролет на Кожуф Пролет на Кожуф Пролет на Кожуф Пролет на Кожуф


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар