Прогласен е јазикот со најпривлечен акцент во Европа: Можете да погодите за кој станува збор?

Пред еден месец, било спроведено истражување од страна на The Independent со цел да се открие кој е најпривлечниот европски акцент. Биле интервјуирани повеќе од 1.000 луѓе, конкуренцијата била голема, но резултатите покажале дека сепак италијанскиот акцент е најубав според точно 25% од испитаниците. Сосема очекувано!

Прогласен е јазикот со најпривлечен акцент во Европа: Можете да погодите за кој станува збор?

Како звучи италијанскиот акцент?

Италијанскиот акцент е многу романтичен. Веројатно и вам ви доаѓа прво тој збор на памет кога ќе помислите на овој јазик. Можеби поради италијанските филмови и музика, се согласувате?

Освен тоа, италијанскиот акцент е лесно разбирлив. Италијанците ги нагласуваат согласките кога зборуваат англиски и други странски јазици. Тие ги изоструваат гласовите многу повеќе одошто е потребно. Италијанците исто така се препознатливи по тоа што додаваат самогласка на крајот од секој збор што завршува на согласка. Доколку не го зборувате италијанскиот јазик, ова можеби ви звучи чудно, но токму тоа го прави нивниот говор многу појасен.

Италијанскиот акцент е музикален и забавен. Италијанците зборуваат на сладок и по малку детски начин. Нивниот говор е лесно препознатлив, бидејќи тие го задржуваат италијанскиот ритам без разлика на кој јазик зборуваат. Секој збор што ќе излезе од нивната уста е поетичен! Можеби Данте е виновен за ова, којзнае?!

Кои се другите убави европски акценти?

На италијанскиот јазик најголема конкуренција му бил јазикот познат како „јазикот на љубовта“, односно францускиот кој добил 23% од гласовите. Ирскиот, шпанскиот и шведскиот акцент исто така се нашле во првите 5 европски јазици со најпривлечен акцент.

Ако сакате повеќе да му се доближите на италијанскиот јазик, научете некои од познатите гестови на Италијанците, кои се неизбежен дел од нивниот говор, со помош на овие згодни машки модели на Долче и Габана.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар