Продавница за загубен багаж

Дали некогаш сте се запрашале што се случува со загубените авионски багажи кои никогаш не се побарани од нивните сопственици? Епа во САД тие завршуваат во продавницата за загубен багаж во Скотсборо, Алабама.
Продавница за загубен багажВо оваа продавница би можеле да си купите фустан од Версаче чија вредност е 1.000 долари, за само 55 долари, Адидас јакна за 15 долари, нараквица со сафири и дијаманти за 7.500 долари (чија вредност е 15.000 долари). Секоја година центарот е посетуван од преку милион луѓе кои ја имаат шансата да одберат некој од многуте ствари, на кои секојдневно се додаваат по 7.000 нови. 60% од продадената стока е облека. Пред да се стави во продажба, таа поминува на хемиско чистење и на пеглање. На полиците можат да се најдат и книги, техника, накит, чевли и што ли уште не.
Продавница за загубен багажПродавница за загубен багажСе започнало во 1970 година, кога агентот за осигурување Дојл Овенс позајмил 300 долари и пикап камионче и од автобуската станица „Greyhound“ донел стотина загубени торби. Бидејќи Скотсборо имал популација од 15.000 жители, торбите ги донел со намера да ги продаде во неколку недели. Сепак, останал вчудоневиден кога сите предмети ги продал за само еден ден. За него ова бил втор бизнис се до 1978 година. Денеска центарот е распослан на површина од 4.650 квадратни метри и во него работат 110 луѓе.
Продавница за загубен багаж.

„Овде е Божиќ секој ден. Луѓето доаѓаат повторно и повторно. Овде можете да најдете навистина многу практични работи. Мислам дека луѓето овде уживаат да пребаруваат низ работите и да бараат нови богатства. Секој ден имаме толку многу нови ствари, така што купувачите никогаш не знаат на што можат да наидат“ – Брајан Овенс, синот на Дојл кој го преземал бизнисот во 1995 година.

Продавница за загубен багажПродавница за загубен багаж


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар