Проблеми кои ќе ги разберат само оние кои се „трето тркало“

Вашата најдобра пријателка започнала со нова врска, но не сака да ве запостави, па токму затоа често ве поканува да излегувате заедно со неа и нејзиното ново момче. Познато ви е ова? Доколку некогаш сте биле трето тркало, со сигурност ќе се пронајдете во следниве 11 ситуации…

Проблеми кои ќе ги разберат само оние кои се „трето тркало“

1. Излегувањето повеќе не е исто. „Што сакаш да кажеш со тоа дека нема веќе да пиеме мартини и да го бараме најзгодниот тип во оваа дискотека? Порано ја обожаваше играва!“

2. Дури и на келнерот му е жал за вас. „Мојата мачка многу ме сака, така да си знаеш. Но да, би сакала бесплатна чаша вино, благодарам.“

3. Вие сте потрошиле 62% од вашето време обидувајќи се да одлучите дали да станете дел од интерна шега. Токму затоа само се смешкате и се надевате на најдоброто.

4. Кога тие си ја покажуваат својата љубов еден кон друг преку бакнежи и прегратки, вие не знаете што да правите со себе. „Сè уште сум тука дечки!“

(1) Проблеми кои ќе ги разберат само оние кои се „трето тркало“

5. Најтешко е кога се караат. Вие сте личноста која го одржува мирот, па токму тоа и ќе го сторите!

6. Сепарињата во рестораните постојат само за да го исмејуваат вашиот сингл статус. Вие седите сами на едната страна, наспроти нив и покрај вас се сите јакни и ташни.

7. Брзо ќе сфатите дека не се гледаат хорор филмови како трето тркало. „Може да ве прегрнам и двајцата? Ќе седнам помеѓу вас и може да бидам како вашето големо и многу интелигентно дете.“

(2) Проблеми кои ќе ги разберат само оние кои се „трето тркало“

8. Никој не плаќа за вашите оброци. Не дека се грижите за тоа, вие сте НЕЗАВИСНА жена. Кој не би сакал одвреме-навреме да му ја покријат сметката за помфрит со сирење?

9. Никогаш не се откажувате од надежта дека во секој момент ќе дојде со вас еден од неговите згодни пријатели. Замислете само на колку двојни состаноци би можеле да одите.

10. Прошетките. Едноставно не е можно да одите тројцата еден до друг на тротоарот. Вашите единствени опции се да одите зад нив или пред нив…

11. Дури и самата помисла на заедничка фотографија е чудна. „Дали да застанам покрај нив без да забележат и потоа да се смееме за тоа? Па, да ајде. Можеби ќе испадне нешто интересно, па откако ќе се објави на интернет ќе си ја најдам мојата сродна душа!“


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар