Приватните бизниси на познатите ѕвезди

Многу познати глумци, пејачи и модели, покрај својата кариера, паралелно си водат и успешни бизниси, но малку е познато за тоа. Најверојатно сакаат бизнисите да им бидат успешни поради тоа што се, а не поради нивните успеси во кариерата. Многумина од нив ова го чинат за да си ја обезбедат иднината и во поодминати години.

Приватните бизниси на познатите ѕвезди

Сандра Булок има свој ресторан, но тоа не е ништо ново кога станува збор за холивудските ѕвезди. Специфично за ресторанот на Булок е тоа што таму можете да купите еколошки свеќи „Bessence“ направени од соино масло. Една свеќа чини 40 долари. Исто така таа има фирма која се занимава со организација на свечености, која успешно функционира.

Приватните бизниси на познатите ѕвезди

Актерот Крис Норт има свој бизнис поврзан со музиката. Тој е еден од партнерите на клубот „The Cutting Room“ во Менхетен, каде што можете да чуете џез, блуз и соул. Тој во клубот сака да промовира нови неоткриени таленти. На неговата сцена пееле и Нора Џоунс и Гвинет Палтроу.

Приватните бизниси на познатите ѕвезди

Американската хип-хоп ѕвезда Фарел Вилијамс ги вложил своите пари во модната индустрија. Неговите две колекции „Billionare Boys Club“ и „Icecream“ веќе го доживеаја својот успех, а Фарел веќе вложи и во производство на текстил од рециклирани пластични шишиња. Неговиот план е да отвори продавници во сите краеви на светот.

Приватните бизниси на познатите ѕвезди

Алиса Милано ја промовираше својата модна линија за женска спортска гардероба. Модната линија „Touch“ се прочу како удобна и комотна, но и со многу стил.

Приватните бизниси на познатите ѕвезди

Стив Карел е сопственик на продавниците „Marshfield Hills“ каде што можете да купите накит, играчки, подароци и други ситници. Тој за „CNN“ изјавил дека ваквиот бизнис го започнал од љубов, но дека тоа е сериозен бизнис.

Приватните бизниси на познатите ѕвезди

Тај Барел пред да ја добие Еми наградата работел како келнер. Откако кариерата му донесе многу пари, со својот брат отворил бар „Utah’s Bar-X“ каде што можете да се напиете коктели по цена од 9 долари.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар